Автор Тема: Honda Civic 1.4iS Sedan  (Прочитано 3802 пати)

Отсутен Anton

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 825
Honda Civic 1.4iS Sedan
« на: 09 Јуни 2015, 19:10:19 pm »
Конечно си начекав и ја убав примерок од хондиве, не малтретиран за ја да можам да го малтретирам.
1.4is моторче со моќни 90 кс ;D
Клима, електрика, абс, срс фул опрема :D
132 000 поминато
Колку што се разбирам ја и уште 2-3 мајстори, фабрика е количево. Сите завртки и глупости на него си се фабричките што значи не е удрено никаде а и таа си е километражата, барем за хонди не можат да ме прелажат ;D








еве ја инспирацијата и желбата неостварена

Е сеа треба да се средат:
Длапка во предно крило,
гребаници насекаде (полирање асално мислам ќе ги среди повеќето),
стакло на левиот ретровизор зашто скрешно беше малце, ама ја мозаик го направив па после лепев делчињата колку да имам нешто додека да ми стигне од грчка,
полирање фарови ,веќе договорено кај те-ен само треба да отидам. Пробав сам со полир паста и бајаги се средија, ама пак пожолтеа бидејќи немав восок никаков, а те-ен гарантира неколку годишна заштита од пожолтување така да вредат тие 1000 ден мислам.
еве ги ја кога ги средував


 Тоа се тие нормалните средувања.
Направени сервиси за да си биде мирна глава…
два сета речиси нови гумичиња зимски/летни…
Купени патосници од Атомем по мерка направени и ја освежија внатрешноста ненормално па ако сакаат и година дена нека траат си вредат за парите.

Досега првата моја модификација во животот на некоја кола.....
Wait for it…..
Ги префарбав раткапните ;D
Пред и потоа

еве ја како ја личеа пред да ги префарбам, а посебно кога ќе заврнеше кога ќе се натопеа....

Втора модификација е лепење изолација насекаде, досега среден само гепекот 80% али полека полека идам. Кога неам што да правам на работа си лепам ваму таму :D
И си земав ОЕМ потпирач за рака од вти претпоставувам по штофот на него, беше малце прљав али го средив.
вака изгледаше средишниот дел предходно, штуро

Ненормалните To-Do листата изгледа вака
-   Најлесните:      De-badge на задниот дел
Фарбање на пластиката под задната таблица во боја на кола
Монтирање предна таблица директ на браник без тоа пластиките
Фарбанје на кбаките  во боја
Фарбање на ретровизорите (само телото) во боја
Ставање клима фолии кај аце (договорено веќе)
Спуштање Eibach Pro-kit или eibach/h&r комбинација ради боцата, ке видам кај нино како ќе се покаже
Бандафчина ако најдеме од хонда џез фабрички, па оригиналните вти, или azev како на игор, само фарбани темно сиво
Средување ова трулово на полумесеците
http://i.imgur.com/3oJsfRW.jpg
http://i.imgur.com/cgHcUeG.jpg
Монтирање централно со неколку модификации на електрониката ;)

Далекорочни планови:      
Изолирање и внатре подот и кровот, дополнителни укрутувања на шасијата, прво наоѓање половни задни комплетни дискови од вти за свап, па апгрејдување на поголеми кочници
едно време ја возев и вака, додека да ги средам раткапните некој месец ;D

и на семафор ме пречека еднаш близначка нејзина, се збунив малце кога се паркираше до мене ;D


со постарата сестра, службената ;D

битно среќа ќе има колава :/ среќа додека чекав ред на четките, па бев спремен со крпи


Околу колата, топ си е вожња малце лабава за мој вкус (затоа Eibach) но доста прецизна, одлична по дупки, али изолација мислам имам нула во колава. Се слушам од надвор, позади во гепекот ме пречекаа само 3 парчиња од 20х30цм изолација фабричка.
Убава мека пластика на секаде, дури и не ни ми личи на пластика исто како старата моја зелената/службената ;D и севкупно многу исто чувство како претходната... али седиштата за ништо не ги бива, ни удобни ни па имаат некоја спортска потпора. Во кривини место на колата да и шета газот, мене ми шета по седиштето ;D
Но, моторот нема благе везе со старата, 1.5 lsi е старата со 90кс и за да осетиш брзина требаше да го вртиш на многу високи обртаи, како да имаше огромен турбо лаг колата,
Новава како некое турбо бензинче да возам на ниски обртаи се осеќам (во споредба со старата)
Али реално, точаче си е колата, плус во текот на животот на мојава и се заебал катализаторот и решение било да се извади и стави цефка обична, дополнето со изгорен заден лонец, еднакво на прдало ;D
Затоа решив да и вградам NOS на колава за да осетам малце нешто :) и осетив! џабе возење ;D
а и како што ги гледам сите хонди низ градов како задолжително е плинчето :D веројатно заради потрошувачката од околу 8 литри блага градска и 6-7 отворено.
Културно скриен во просторот за резервната, полначка кај тоа за гориво, и прекидачот скриен (и сум мн среќен што ми текна да го скријам вака) во тоа за парички чување.

и за крај, мојот мозаик ;D

и денес брендирана после перење кај бушав




Jay Leno: Racecar driving is like sex. All men think they are good at it but...

Присутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Honda Civic 1.4iS Sedan
« Одговори #1 на: 09 Јуни 2015, 19:28:43 pm »
Со здравје да си ја возиш и многу безгрижни километри да си поминеш. Добри планови имаш за во иднина :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Honda Civic 1.4iS Sedan
« Одговори #2 на: 09 Јуни 2015, 20:06:04 pm »
Повеќе те почитував со Алфата ;D
Честитки Антон, знам дека ова ти беше сон и мило ми е што си го оствари :) колава изгледа одлично сочувана и е совшен кандидат за средување.
Супер ни ја претстави, не се штеди со објавување на модификациите :)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Honda Civic 1.4iS Sedan
« Одговори #3 на: 09 Јуни 2015, 20:09:59 pm »
честито кола,фино сочувана делува,да не речам коска :)
комотна ли е,собира ли високи луѓе напред? :)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Honda Civic 1.4iS Sedan
« Одговори #4 на: 09 Јуни 2015, 21:43:38 pm »
И јас сакав прекидачот за плин таму да го ставам, ама ми беше страв да не усерат нешто па го ставив кај копчето за подесување ретровизори. ;D

Инаку вака сочувана изгледа колава, средувај полумесеците најбрзо што можеш и продолжи по патот што го пиша.
Фабрички си плива многу, со спиралите ќе се препороди, баш да пробаш некој ден да се увериш.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Honda Civic 1.4iS Sedan
« Одговори #5 на: 09 Јуни 2015, 21:51:30 pm »
Ајде со здравје да се средува, па и моторот да и` порасне еден ден :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Honda Civic 1.4iS Sedan
« Одговори #6 на: 09 Јуни 2015, 22:18:50 pm »
Добро количе, ме бендисува вака некој постар модел на јапонска кола :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Honda Civic 1.4iS Sedan
« Одговори #7 на: 09 Јуни 2015, 22:46:39 pm »
Одма важните работи. Колку се може. И јас буквално истото би го направил. Браво. Ставај сличиНа и апдејти што почесто. За арно за убаво да се вози.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Honda Civic 1.4iS Sedan
« Одговори #8 на: 09 Јуни 2015, 22:52:20 pm »
Ај со здравје да се вози и средува, има потенцијал во колава. :)
Него како да дојдам и јас до една налепничка од CarClub? Каде ги даваат? ;D

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #9 на: 10 Јуни 2015, 00:57:04 am »
Топ изгледа количево. Имаш добри планови и замисли за во иднина. Долго да те служи!!!

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Honda Civic 1.4iS Sedan
« Одговори #10 на: 10 Јуни 2015, 10:50:32 am »
Со здравје да си го возиш седанот Антон, и натенане да си го средиш :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Anton

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 825
Одг: Honda Civic 1.4iS Sedan
« Одговори #11 на: 10 Јуни 2015, 20:45:16 pm »
Повеќе те почитував со Алфата ;D
Честитки Антон, знам дека ова ти беше сон и мило ми е што си го оствари :) колава изгледа одлично сочувана и е совшен кандидат за средување.
и ја повеќе си се почитував со алфата, али не си го почитував џебот така ич ;D а и плус време е да размислувам малку порационално :)
a сон реален ми е таа инспирацијата што ја стаив, а не точаков на нитро али ќе пројде

И јас сакав прекидачот за плин таму да го ставам, ама ми беше страв да не усерат нешто па го ставив кај копчето за подесување ретровизори. ;D

Инаку вака сочувана изгледа колава, средувај полумесеците најбрзо што можеш и продолжи по патот што го пиша.
Фабрички си плива многу, со спиралите ќе се препороди, баш да пробаш некој ден да се увериш.

повеќе можат да заебат таму кај сто ти е сега мислам? тука само од лево има едно дупче за кабелчето, а тоа фиокчето се вади целото
а за пробување реков ја ќе поминам само да се подослободам со одмори и чуда на работа. и кај тебе и кај боки треба да поминам :)
Ајде со здравје да се средува, па и моторот да и` порасне еден ден :D
како викавте вие професионалците: "пред да почнеш моќ да зголемуваш, прво подвозје, па кочници, па укрутување па на крај чепкај мотор"
а ја бидејќи учам од поискусните, ќе пробам да средам се останато, па ако некогаш се укаже финансиска оправданост за ново моторче, да ми биде спремна ;D

честито кола,фино сочувана делува,да не речам коска :)
комотна ли е,собира ли високи луѓе напред? :)

мене ми е комотна за простор, само на големи луѓе проблем ќе им биде влегување и искачање од кола, зш е ниска малко ;D

@остали - благодарејме, се надевам ќе ја апдејтувам темава почесто :)

сеа треба, т.е. повеќе сакам, да сменам кабли за свеќици, па секој предлог каде и какви да земам е добродојден

п.с. дај бе некој нека ме пофали како сум ги средил раткапните :'(

п.с.с. не ја перам веќе, денес невреме :)
Jay Leno: Racecar driving is like sex. All men think they are good at it but...

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Honda Civic 1.4iS Sedan
« Одговори #12 на: 10 Јуни 2015, 20:47:01 pm »
Пофал, пофал. Фино си ги средл радкапните. :D

Дете од фамилија си ти, сигурен сум дека супер ќе го средиш Цивичето. Со среќа и со трпение! :)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Honda Civic 1.4iS Sedan
« Одговори #13 на: 10 Јуни 2015, 20:51:31 pm »
Ајде со здравје да се средува, па и моторот да и` порасне еден ден :D
како викавте вие професионалците: "пред да почнеш моќ да зголемуваш, прво подвозје, па кочници, па укрутување па на крај чепкај мотор"
а ја бидејќи учам од поискусните, ќе пробам да средам се останато, па ако некогаш се укаже финансиска оправданост за ново моторче, да ми биде спремна ;D


Така, така редот да се фати :D А финансиска оправданост у такво „средување“ - никад нема. Финансиска оправданост се бара у купување „Дебика“ гуми наместо „Континентал“.... ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Honda Civic 1.4iS Sedan
« Одговори #14 на: 10 Јуни 2015, 23:50:53 pm »
so zdravje da si go vozis