@Filip_90, Имам 166, не 156, веројатно на неа мислеше.
Со оглед на сличните димензии, тежина, меѓуоскино растојание и трагот на тркала помеѓу 166 и 159, логична е споредбата на двете возила.
166 има подобра изолација на целата каросерија во однос на 159.
159 делува постегнато и поприсбено на пат, и доста попрецизна и пориспонсив е по кривини.
166 има подобар одзив на папучата на гас, иако има 50кс помалку. Респонсот е промптен и нема лаг. Кај 159 додека качи малце притисок турбото, си има одреден „дилеј“.
159 не бара дауншифт, дури ни во 5 или 6 брзина кога крузаш со 50-60 низ град. Едноставно, си влече.
166 е покомотна и полежерна, 159 има помалку место во кабина и централната конзола е поширока.
166 има поголем гепек и поголем отвор за багажник (денес го приметив, за малце немаше да влезе количката на ќерка ми)
166 може исто како и 159 да се вози динамично по кривини, без да заостанува многу во динамичките својства. Тоа поготово важеше за спуштена и со дистанцијали натокмена 166.
159 има подобри кочници, дури и кога ќе стаиш на 166 Brembo од 310mm
Генерално, да се двете коли нови и да имаат иста моторизација, прилично тежок избор би бил. Изгледот и спортскиот дух се на страната на 159, комоцијата и удобноста се на страна на 166. Да имам доволно пари, двете би ги задржал.