Мал апдејт. Стигна нешто:
Ко што пишав претходно, заинтересиран бев за некој мултимедија систем, макар и кинески, за да ми овозможи барем усб за да не се заебавам со режење цедиња во 2019.
Го нарачав тоа што го постирав претходно од Али, па да дадам малце фидбек, доколку некој е заинтересиран.
Радивцето брка работа, стигна кај мене за 3 дена по DHL. Кошта нешто ситно испод 150 долара, има и камера за рикверц (што уште ја немам монтирано).
Квалитетот на изработка е добар, прилично сличен на фабричкиот. Си има тач што функционира добро.
Инсталацијата е доста едноставна, се користи фабричкиот џек, така да нема никакво кратење. Единствено што видов е дека има доста непотребни жици, но кинезот пробал да напраи нешто универзално, најверојатно и за мануелна поврзаност (Има посебни излези за секој пар звучници, што у мојов случај не се користи бидејќи се оди преку фабричкиот џек).
Нејсе, софтверот е ок, си има некои кинеско-англиски преводи, но у глобала е ок.
За навигација користи iGo и доаѓа со картичка со мапи. Сега за сега ко што истестирав не е лоша.
Командите на волан си работат како и претходно.
Има усб кабел (кој го протнав у фиоката) и слот за СД картичка
Блутутот работи ок, но као што кажа
@marjan, микрофонот не е нешто најдобар. На автопат на поголема бучава треба да викам за да се разберам на телефон. Низ град е ок.
Дава нотификации за појас, отворена врата, се пали камера ко е у рикверц (иако не е инсталирана).
Цд-то не го проверив, но пушта видео и слики (што мене ми е бескорисно).
Квалитетот на звукт е послаб од фабричкиот и има мал шум кој се слуша само у место. Не знам ова дали е до радиото или нешто со антената.
Доста тупам, некоја сликичка
До следно пишување...