Автор Тема: VW GOLF 5 TSI  (Прочитано 55199 пати)

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #60 на: 04 Мај 2016, 16:32:17 pm »
Сите до еден тси страдаат од фалшливи ланчиња и турбо единици. Не се нервирај ич, посебно што кај тебе е правна држава и се ќе се среди.

У случајов не е дека страдаат тси генерално, туку мајсторска грешка над тој дефект.
Се надевам дека ќе се среди, но како и да е и тука сите ќе пробаат да ти ја префрлат вината на некој начин..А у случајов може да има доста начини, али ќе видиме...

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #61 на: 04 Мај 2016, 17:26:17 pm »
Колку само е добро се заштитено при зафатот...
Затоа никад, ама никад кај нас нема да има квалитет на работа.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #62 на: 12 Мај 2016, 13:06:25 pm »
Update..

После обемната дијагноза, официјалниот сервис ми се извини и ја призна грешката при што се понуди да промени се на нивни грб..
Сеуште голфот е на сервис и очекувам утре да ми го вратат среден со ресетирана гаранција..

Задоволен сум од тоа што не треба два пати да се плати за истата работа, но не сум задоволен што ме оставија без кола скоро две недели..

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #63 на: 02 Јули 2016, 20:26:41 pm »
Поздрав друштво

Мал апдејт на голфчето

Стариот прекидач за светла ми беше скршен на прстенот па заменет со нов хромиран со авто опција



Па стигнаја лед светла за таблици



Монтирани





Рандом сликички:





Планови за иднина:

Поголемки бандажи, затемнување на стакла и дискретно спуштање.


Sent from my iPad using Tapatalk

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг:
« Одговори #64 на: 02 Јули 2016, 20:29:53 pm »
Само по обратен редослед надградбиве. :)

Браво убаво заличува.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5841
VW GOLF 5 TSI
« Одговори #65 на: 02 Јули 2016, 21:43:00 pm »
Ми се сфиѓа светлината што ја даваат, нијансата, може да ми кажеш од каде ги порача? И зашто не само сијалички туку комплет вака?

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #66 на: 03 Јули 2016, 11:49:01 am »
Ми се сфиѓа светлината што ја даваат, нијансата, може да ми кажеш од каде ги порача? И зашто не само сијалички туку комплет вака?


Повели друже:

http://s.aliexpress.com/yMJjAjqM

Поедноставно за монтажа е вака и колку што разгледував само сијалици може да појави грешка у повеќе случаеви. Ова е плуг анд плеј.

Еве уште една слика за да долови интензитет






Sent from my iPad using Tapatalk

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #67 на: 03 Јули 2016, 12:48:40 pm »
Сум ги размислувал овие, ама увек ми е страв дека отпорничињата ќе тандрчат во браник. Како е по тоа прашање?

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #68 на: 03 Јули 2016, 13:43:59 pm »
И кај мене беа така решени НО си има на за кодирање во BCM дека имаш лед и не јавува грешка. Али тоа на понови Боди модули на петкава незнам дали ке има таа опција.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #69 на: 03 Јули 2016, 21:16:25 pm »
Сум ги размислувал овие, ама увек ми е страв дека отпорничињата ќе тандрчат во браник. Како е по тоа прашање?

Ги стегнав со zip tie врз конекторот и нема многу простор за тракотање

Отсутен Mk-nik

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #70 на: 03 Јули 2016, 22:10:42 pm »
Стариот прекидач за светла ми беше скршен на прстенот па заменет со нов хромиран со авто опција

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


За авто опцијата и сензор ставаше или работи и само така, пошто на али ги гледам со сензори идат.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34293
  • Таков е животот... јебига
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #71 на: 03 Јули 2016, 22:15:47 pm »
Швицарац а? Одма поинаку личи голфчето со немакедонски таблици. Бонбонче.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #72 на: 04 Јули 2016, 11:43:26 am »
Стариот прекидач за светла ми беше скршен на прстенот па заменет со нов хромиран со авто опција

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


За авто опцијата и сензор ставаше или работи и само така, пошто на али ги гледам со сензори идат.

Моментално без сензор е, но мерачам и сензор да уградам..Ги уклучив светлата да бидат во Северно Американски мод, така да и кога се исклучени се палат само средните сијалици кога ќе ја спуштам рачната..А ауто ги пали сите светла и се палат и гасат со моторот..Премногу опции :)

Швицарац а? Одма поинаку личи голфчето со немакедонски таблици. Бонбонче.

Мерси друже Џонтра

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #73 на: 22 Јули 2016, 15:52:09 pm »
Апдејт,

Извршен мал сервис денеска во овластен сервис, променето улје и пропратни филтри и за мене најбитно, променети свеќици.
Немав евиденција кога се сменети свеќиците. Прва импресија е дека уште помирно работи моторот.
Извршена и контрола на цела кола.

Моментално го свртив на повисок октански бензин од радозналост да видам дали би имал некои позитивни импресии.

До следниот пат..

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #74 на: 04 Октомври 2016, 09:25:26 am »
Пак ја..

Голфот се возеше интензивно летово, свртив отприлика 6к км за месец дена..Возев тура од Швајцарија до Македонија, па до Грчка на одмор и после назад..
Кога идев накај Македонија, се возеше доста интензивно и искрено доста задоволен сум од моторот, брзина, потрошувачка и бучност.

Единствена работа што се расипа у овие патувања беше една сијалица за средно светло..

Моментално нешто што ме нервира е тоа што на прво палење (најчесто сабајле), пак ми се појавува звук на расипано ланче кој трае неколку секунди и прекинува..Не секогаш, но во 80% го слушам неколку секунди.

Друг проблем што се соочувам сега е при ладно палење, додека работи на повисоки обртаи се дешава misfire и потресување на секој..Ко ќе пројде овој процес од 10тина секунди, колата се смирува али вибрациите остануваат..Поретки, но ги има.
Кога ќе дојде на работна температура, моторот си работи смирено и вибрациите се многу ретки, скоро и да ги нема. Променети се свеќиците пред 6к км пропратно со филтер за улје и воздух.
Можеби некој има искуство или да понуди решение за случајов?

Трет проблем е поврзан со ауспухот. Од пред неколку месеци звукот ми се покачи незначително за сервисери, но јас осечам разлика (знам дека пред 6 месеци голфот ми беше значително потивок). Најчесто длабок звук се слуша помеѓу 2500 до 3000 обртаи. На сервис извршена е проверка и викаат дека нема никакви отвори у издувниот систем.
Дали има опција да се испита дали некој од лонците внатрешно е отиден?

У сервис за звукот на старт ми викаат дека било нормално за неколку секунди бидејќи ТСИ-то требало да подигне ниво на улје..не сум експерт у овие работи, но немам слушнато друг ТСИ на прво палење па да знам дали е ок.
За вибрациите сеуште ништо не сум прашал, чекам ауспухот да ми пробучи уште малце па да идам комплет заедно да средувам..Меѓувреме ако имал некој искуство, би бил благодарен да го сподели за да им идам со барем малце познавање.