Здраво дечки ,
Нов сум на форумов , па редно е да ви ја претставам мојата кола :
Kia Ceed 1.4 , купена од Киа Моторс во 2010 година . Киата е со EX+ ниво на опрема :
- Алуминиумски бандажи 16` , 205/55
- мануелна клима
- Волан и менувач обложени со кожа
- задна деллива клупа
- магленки
- електрика на прозори и ретровизори ( со греач
)
- радио ЦД+УСБ со 6 звучници
- 6 воздушни перничиња
- ABS , нема ESP
Досега имам поминато 45000 km , и освен редовни сервиси , нема некои други дефекти , освен што ми ја заменија шалт таблата во гарантен рок .
Потрошувачката во град се движи околу 7,5 л до 8,0 л /100 км , додека на отворено троши околу 6 л/100 км .
Поздрав до сите