Автор Тема: Kia Ceed 1.4 EX+  (Прочитано 13938 пати)

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
Kia Ceed 1.4 EX+
« на: 20 Мај 2015, 23:54:12 pm »
Здраво дечки ,
Нов сум на форумов , па редно е да ви ја претставам мојата кола :






Kia Ceed 1.4  , купена од Киа Моторс во 2010 година . Киата е со EX+ ниво на опрема :
- Алуминиумски бандажи 16` , 205/55
- мануелна клима
- Волан и менувач обложени со кожа
- задна деллива клупа
- магленки
- електрика на прозори и ретровизори ( со греач  ;D )
- радио ЦД+УСБ со 6 звучници
- 6 воздушни перничиња
- ABS , нема ESP

Досега имам поминато 45000 km , и освен редовни сервиси , нема некои други дефекти , освен што ми ја заменија шалт таблата во гарантен рок .
Потрошувачката во град се движи околу 7,5 л до 8,0 л /100 км , додека на отворено троши околу 6 л/100 км .

Поздрав до сите  :)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Kia Ceed 1.4 EX+
« Одговори #1 на: 21 Мај 2015, 00:37:19 am »
Со здравје да се вози, што беше поточно со шал таблата?
Добро е кај фејслифтот што задните долни магленки работат двете, кај мене ни дупка нема на десната.

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1375
  • Велешанче
Одг: Kia Ceed 1.4 EX+
« Одговори #2 на: 21 Мај 2015, 00:40:27 am »
Со здравје да си ја возиш :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Kia Ceed 1.4 EX+
« Одговори #3 на: 21 Мај 2015, 08:24:49 am »
Добредојде! Фино количе! :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: Kia Ceed 1.4 EX+
« Одговори #4 на: 21 Мај 2015, 14:01:34 pm »
Убаво количе, многу безгрижни километри. Имав прилика да го возам чудово. 109КС ако не се лажам. Доста живо после 2000 обртаи. До 2000 е чудно тромава. Сепак ми се допадна. Воопшто не е лошо возилце. Плус то си ги поштовам корејските возила така што.


Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
Одг: Kia Ceed 1.4 EX+
« Одговори #5 на: 25 Мај 2015, 09:52:49 am »
Со здравје да се вози, што беше поточно со шал таблата?
Добро е кај фејслифтот што задните долни магленки работат двете, кај мене ни дупка нема на десната.
Фала Drive-r ,МулевР, zeroSignal ,Carpathian Lord ,  се вози колава веќе 5 години со здравје :-)
Инаку , шал таблата малку се одлепи кај делот кај што е централната конзола , не беше тоа којзнае што и не се приметуваше доколку не знаеш , меѓутоа мене ми сметаше . Пријавив во Киа моторс , и истата ми беше заменета , пошто сеуште е под гаранција :-)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Kia Ceed 1.4 EX+
« Одговори #6 на: 25 Мај 2015, 09:57:30 am »
Добро возилце имавме една ваква од претходните. Само не беше поцинкувана, оваа е фејслифт па може е.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Kia Ceed 1.4 EX+
« Одговори #7 на: 25 Мај 2015, 11:12:12 am »
Како ја возиш повеќе гратска или отворено, колку ти покажува просек на потрошувачка бордот?

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3156
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Kia Ceed 1.4 EX+
« Одговори #8 на: 25 Мај 2015, 12:22:41 pm »
pred se dobredojde i odlicna kola so zdravje da si ja vozis mnogu bezgrizni km...

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
Одг: Kia Ceed 1.4 EX+
« Одговори #9 на: 25 Мај 2015, 12:34:55 pm »
Цитат
Добро возилце имавме една ваква од претходните. Само не беше поцинкувана, оваа е фејслифт па може е.
Deni , во право си , фејслифт верзијата ко мојата е со поцинкувана каросерија .
Цитат
Како ја возиш повеќе гратска или отворено, колку ти покажува просек на потрошувачка бордот?
Drive-r , 90% од времето ја возам градска , просек на борд ми покажува околу 7,6 -8,0 л/100 км , а зимно време знае и до 8,5 л/100км да покаже .
Цитат
pred se dobredojde i odlicna kola so zdravje da si ja vozis mnogu bezgrizni km...
dame , добро Ве најдов и фала за честитките  ;)

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
Одг: Kia Ceed 1.4 EX+
« Одговори #10 на: 23 Јуни 2015, 21:35:50 pm »
Да ви се пофалам , денес Киата доби плински уред :-)
Уредот е Lovato easy fast , со боца во резервното тркало исо капалка . Монтирано и атестирано за еден ден .


Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Kia Ceed 1.4 EX+
« Одговори #11 на: 23 Јуни 2015, 21:48:05 pm »
Со здравје да се вози, ептен грдо ги монтирале дизните да штрчат кај мене убаво ги упасирале под капакот не се приметува плин дека е инсталиран.
Тоа црното претпоставувам е филтерот, лошо е што бушеле на крилото а со тоа се доведува корозија да настане на местото а имале опција држачот на некој од штрафовите во близина да го затегнат.

Капалка ти инсистираше да ти стават, велат не е потребно да се става?

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Kia Ceed 1.4 EX+
« Одговори #12 на: 23 Јуни 2015, 22:00:12 pm »
Со здравје да се вози, ептен грдо ги монтирале дизните да штрчат кај мене убаво ги упасирале под капакот не се приметува плин дека е инсталиран.
Тоа црното претпоставувам е филтерот, лошо е што бушеле на крилото а со тоа се доведува корозија да настане на местото а имале опција држачот на некој од штрафовите во близина да го затегнат.

Капалка ти инсистираше да ти стават, велат не е потребно да се става?

Баш тоа ми падна у очи прво. Средување под итно со некоја заштита.

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
Одг: Kia Ceed 1.4 EX+
« Одговори #13 на: 23 Јуни 2015, 22:01:02 pm »
Со здравје да се вози, ептен грдо ги монтирале дизните да штрчат кај мене убаво ги упасирале под капакот не се приметува плин дека е инсталиран.
Тоа црното претпоставувам е филтерот, лошо е што бушеле на крилото а со тоа се доведува корозија да настане на местото а имале опција држачот на некој од штрафовите во близина да го затегнат.

Капалка ти инсистираше да ти стават, велат не е потребно да се става?
За дизните ми рекоа дека било подобро така да се монтираат , бидејќи ако ги ставеле под капакот истиот немало да може убаво да се заштрафи и можело да се искриви :-) А за филтерот ( тоа црното) претпоставувам дека таму им било најлесно да го наместат , така да некој совет како да ги заштитам од корозија е добредојден .
За капалката , човекот ми рече дека и нема нема некоја потреба , но дека нема и зијан . А со оглед на фактот дека не ми бараше плус пари за неа , се решив да ја ставам .
Малку ме нервира што боцата е повисока од дупката кај резервното тркало , па морав да кројам тврдо пресован стиропор за да се израмни .
П.С. некој совет да ми кажете за резервното тркало како да го прицврстам да не ми шета низ гепек ?

Позз

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Kia Ceed 1.4 EX+
« Одговори #14 на: 23 Јуни 2015, 22:36:34 pm »
Претпоставувам 43литри е боцата и е дигнато 2см. Добро е што си ставил хпс за тие 2см а уште подобро е кога ќе ги спуштиш седиштата е рамно. ;)

Резервното тркало и мене ме нервира, ем ми шета ем бајаги ми зафаќа простор. Сакам странично да го закачам ама ја крева даската за некој см. Може ќе и направам држач од флах да биде на повисоко со мало поткревање со дрвена лајсна или алуминска ако доѓа рамно до стаклото.

Одлично би било да се направи држач во лик на л или т профил, да се заварат два штрафа на шасија и да се закачи држачот на кој ќе се закачи тркалото со затегање како што си беше претходно.