Batka ti barase familijarno vozilo najverojatno kaza i da bide so 4 vrati
So majka baras lupo da gledas bre konzerva e toa premalo e za familijarno vozilo..
B araj nesto so 4 vrati da imas barem nekakva komocija...
Батка, па не сме толку голема фамилија да не не собери во лупо:-)
Во принцип ми треба за градска вожња,она баш во основа да завршиш некоја работа и притоа да не одиш пешки затоа и не се опуштам со кеш многу,инаку,сите знаеме што е убаво кога мириса на ново и си и “прв“ на колата.
Со возилава од увоз, стварно е лотарија. Нормално секој продавач ќе го фали ко да го зел од салон. Секој ти дава клучот и вика вози на кој мајстор сакаш, бадијала. Сите пред да дојдат на плацот се ремонтирани средувани унапред,барем наредните 500 км да не осетиш никаква маана. Работата е што после...
Најдобро и најевтино за сервис ти е Спаркот.За пунто сум слушал од мајстори дека многумина се излупани и покажуваат многу проблеми,особено за оние од надвор.
Јас имав Спарк и го возев година дена по што го дадов на девојката да го вози.Она работи во Солун и Скопје Солун и е постојана релација.Го вози веќе 4 та година
И јас бев во дилема како тебе во 2010 година,само што тогаш буџетот ми беше 3000 евра.Како слаб познавач на механиката и јас барав нешто што нема да се расипува и ќе немам проблеми со него.Спарк ми беше еден од опциите поради годината 2-4 години стари,но многумина такозвани мајстори ме одвраќаа и велеа никако.Кинески делови имало,расипливи биле,немало делови за нив.Глупаштини наши.
На крај наидов на еден Спарк од една жена која за два дена се селеше во Германија па немав многу време за размислување и требаше или да одлучам дали ќе го земам или не до наредниот ден.Цената беше одлична тогаш и го земав за 3100 евра.
Го земав со околу 40000км.Сега има околу 133000Км.
Досега сме правеле само редовни сервиси.Мотор не е отваран до сега
Девојката води евиденција и си има еден ворд документ отворено кога и што е сменето.
Сменето до сега:
4нови гуми
акумулатор 35ам
сет квачило
Лагер на предно тркало
ладилник за вода
Кратка спона
Брисачи
Антена за радио
Вграден плински уред
За уље и филтри да не пишувам,бидејќи тие си се менуваат редовно
Дополнително што е средувано на него е заден амортизер односно гумата која се разлабави.Обележано е со црвено.

Сега сакам да ја сменам и другата гума,бидејќи читав на интернет дека тие треба да се менуваат од 150000-180000км,но знаејќи ги нашите патишта и давам совет на девојката да си ја смени порано.Инаку амортизерите се во одлична состојба
Ама незнам дали може таква гума да се купи на ново односно дали се продава посебно.Подобро квалитетни гумици отколклу лош амортизер
Друго,ама баш ништо се нема фатено на него.Пред 1 година му ставивме плин во Плимонт и сега возењето е смешка.
Ете генерално тоа е историјата.МНогумина наши мајстори ја утнаа како и многупати работата.
Не само што чини и се погоди одлично,денес делови има за џабе пари што се вели.
А они тогаш еј кај ќе најдеш делови за ова.Никој не ги вози.
Денес во Скопје ми се чини има на секоја улица по 2-3 Спаркови.И ретко кој ги продава,бидејќи луѓе се утепаа од возење.
Знаеме што велеа познавачите на автомобили за Тико и колкав век му прогнозираа.
Кај баба ми во село еден човек има Тико ако не се лажам 94 или 95 година.Има поминато верувале или не 914000км.Типов си има целосна историја на возилото.Од прво до последно менување на уље.Денес пак не е во најдобра состојба.Крило бега,боја избледена ама моторов не се откажува.Уште си работи чудово.Како да нема намера да умре.
Ех си велам 914000км па на ова и мерцедес може да позавиди.
Така да друже земи си Спарк бидејќи сигурен сум дека ќе имаш најмалку проблеми.Лесно е за одржавање,издржлив мотор имаат,така да ако го чуваш и менуваш потрошен материјал навреме проблеми нема да имаш и ќе се изнавозиш.
Со другиве како пунто и рено тргни си едно 500 евра на страна во случај да треба генерален сервис

Гледај само да е од тука и да е со сервисна историја.2006-2007 година си го прави своето.Пунто е 5-6 години постаро
и најчесто возено надвор и пред распаѓање донесено тука