Па основните насоки веќе ти ги даде Бузуки, ги имаш и овде:
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,316.0.htmlЗа потрошувачка, доста ќе заштедиш со клиото 1.5 дци. Во град сигурно нема да помине 6, на отворено 4.5-5 литри. Нема што многу да му ја мислиш, ако е внатрешноста добра, сите копчиња функционални, добро влече, нема скапано подвозје итн...тоа е тоа, само одбери си боја, број на врати (ако ти е за семејни потреби гледај со 4 секако). После си ја носиш на добар мајстор и моја препорака, дури и да ти кажал продавачот сменето е ова она, посебно за ребраст, затегачи и масло..ти пак провери си на мајстор и ако нешто утврди дека не е сигурно менувај обавезно! за дополнителни 150-200 евра нема да изгубиш ништо, барем ќе си сигурен за следните 40-50000 км. Секако резервирај пари и за регистрација околу 10000 ден. +/- зависно дали од друг град ја земаш итн.. пошто првата регистрација во твојот град, ако е земена од друг, чини нешто поскапо. За тоа од каде да земаш, плац или човек, мое мислење е дека е релативно. Од човек препродавач има нешто поголеми шанси да најдеш нешто подобро, пошто тој обично има до 2-3 коли кои ги продава, па мислам веројатноста да продава нешто добро е поголема отколку од плац каде што има 30 коли, а 10 од нив стојат таму 1 година и повеќе. Имам човек пред мојата зграда живее и тој работи на тој принцип, зема 1-2 коли, ги продава па зема други 2, имаше едно поло многу добро скоро го продаде:
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,316.0.htmlне знам за цена ама според годината и моторот, сигурно беше околу 3500 евра. Друг пример, братучед мој зеде Стило со 2 врати темно сиво, 1.9 jtd од Златески плацот. Освен некој мал проблем со аирбег сензорот, друго мислам немаше проблеми, го вози доста и е задоволен.
Ти одлучи си колку ти е буџетот со се комплет регистрација и некој сервис и барај најдобро што можеш

Со среќа во изборот, се надевам те одвративме од тоа да земеш скапо каначе, наместо тоа, добро докажано европско количе

Секако пиши тука ако земиш нешто
