Интересна дискусија се разви. Како ги читам последните десетина поста, не можам да сокријам да кажам дека делумно се сложувам со сите од нив а најмногу со оној на ZeroSignal.
Моето видување на работите е следното:
1. Ова е втора година како се организира ваков собир. Не е ништо традиционално како што е во странство, во држави со далеку поголема собирска традиција. Ние сме тазе во оваа работа и затоа најбитно е пред се да се има воља и желба за организација на вакви собири. Велам „ние“ затоа што Карклаб е значаен фактор кон неговата организација и посетеност, директно или индиректно.
2. Сосем е нормално да има критики и препукувања. Како што кажав, ова е втора година и треба да помина уште десетина години препукувања додека да се научиме како треба да се организира масовен собир од овој тип. Најважно во моментов е сите да сфатат дека овие дискусии НЕ СЛУЖАТ ЗА ДА СЕ ПОКАЖЕ КОН НЕКОГО КАКО ВИНОВНИК. Ова не е суд туку е „работилница“ која треба да ни помогне во наредните 10 години да постигнеме да направиме собир за пример, кој традицијата подоцна ќе го движи напред и напред.
3. Организаторот го охрабрувам да учи од искуствата и да биде отпорен на разни срања и озборувања. Го советувам да не биде индивидуа туку да биде група од соодветно одбрани луѓе, познавачи на проблематиките од своите сфери: маркетинг агенти, модни агенти, инфраструктурни специјалисти, угостители (уште еднаш да не видам немање на избор на пиво и немање на минимум 5 скари), учесници од автомобилските дилерства, застапници на разни брендови и слично. За да биде успешен и препознатлив собир, ќе мора да наликува на саем.
4. Критериуми за учество во натпревар мора да има и да се јавно достапни и познати. Потребно е да се поделат учесниците на натпреварувачи и посетители. Натпреварувачите мора да бидат селектирани по претходни критериуми и да се на лице место еден ден пред натпреварот (собирот).
5. До момците што се жалат дека не добиле пехари сакам да испратам еден апел: Погрешно сте го сфатиле концептот на собирот. Се надевам дека до година 90% од вас нема да видам на сериозен собир.
Крај на првиот дел.