Дечки, бидејќи годинава ќе биде гужва, а и топло (како и лани), ќе треба малку подобро и ние да се организираме.
Значи вака, настанот почнува од 11:00, односно официјалното отворање ќе биде во тоа време. Предлагам да се собереме во Скопје во 08:30 наутро, и да тргнеме до 09:00 најкасно, за да стигнеме на време.
Јас планирам да земам еден монтажен параван за сенка. Би требало под него да собере луѓе. Дополнително, земете си по некое столче на расклопување.