Прекрасно возило.
А где је обртомер? Ај барем мирно исклучува. Ама треба да има барем некаков.
Воланот не се мрда напред-назад. Незнам зашто вакви работи стварно... Нема смисла.
Бела боја, ама разиграна со голем број шари и црти некако ја оправа.
Инаку возилово е баш она кое се бара за градско возило. Привидно за мене е во класа на Смарт исклучиво. Како перцепција на возач дефинитивно делува помало од Ап, Ајго, Ц1 и сличните. Како се пика во тафталиџе во уличките, стварно одлично, одлично возило.
Моторот е посебен шмек што е позади, дава убаво чувство. Со полна гас си вледуваш во кривини и нема пролизгување кое ти шири лак. Бра-во. Ова се бараше пак ќе кажам. Ново, интересно. Тие некои ситници што се многу чудни - што дури е нејасно зошто така се одлучиле само остануваат.
Прашање е дали оди со други мотори, овој има малку турбо-лаг да речеме. Не е толку страшно, ама зошто немаш обртомер, не си сигурен баш каде си со моторот и дали ќе повлече. Се привикнуваш ама океј. Инаку пристојно си влече, кога влече. Само си троши 8.5 во град, како и сите бензинци е жедничко. Требале да смислат во предницата да може да се убаци плинска боца некоја од 25-30 литри...
Да се искористи просторот поубаво.
Со атмосферчето, таман. Незнам што дизел оди, и дали има дизел опција, и тоа може да е интересно.
Јас би го купил дефинитивно за второ возило!