Претекнувањето со бензинец е проследено со убав звук кој те тера да ја цедиш, не ти смета, додека сега со дизелот скоро секогаш кога ќе претекнам неможам ни да дочекам сам да смени аутоматикот, сам го правам тоа, не сакам да го слушам, не е (возачки) пријатен да не се лажеме.
Ќе бидеш принуден да возиш лежерно и тогаш кога нема да го сакаш тоа, додека со 2.0 ќе може и да стисне малце кога ќе сака да си направи ќејф,
И при препродажба секако ќе добие подобра цена за 2.0 отколку за 1.6.
А па летно време кога ќе оди на одмор и кога натоварен ќе опне и клима, е тек тогаш ќе види шо значеле тие 115 коња, а можел да има 35-40% повеќе.
EDIT: И да повторам со која цел сето ова, за мизерни 500ден месечно, а си опнал 20 и кусур иљадарки за да имаш кола.
Повторно забораваш да кажеш дека тоа е твое мислење во врска со првиот дел. Да правевме муабет за бензинец над 2.5 литри кој што веќе е во една друга димензија, па и В6 варијанта е тоа би било уживанција. И звук и моќ. Да не дојде до забуни зборувам за атмосферски типичен бензиски агрегат кој што до скоро време беше во варијанти како 1.4 90 коња, 1.6 110 коња, 1.8 140 коња или 2.0 150 коња. Дизелот обично не треба многу на високи обртаи да се вози односно нема огромна и толку честа потреба па затоа и многу е порелаксирано возењето особено во коли како 508/пасат/мондео кои што се за се, само не за тркање туку уживанција.
Со вториот дел све се согласувам, мислам дека свесни сме 2.0 е подобар избор од аспект на моќност. Но членот си побара помош околу избор на автомобил а не кој мотор бил појак. Тоа барем на сите ни е јасно. Ама кога читам коментари од типот "кола од таа класа со 1.6 дизел и 115 коња е тапа не идела, многу е тешка итн" кога самиот член пиша дека во град ќе се вози и 1.6 е повеќе од доволен.
Според твојата логика, треба само да има еден мотор од секој производител нормално тој појакиот а другиве не се потребни. Ама забораваш дека на некој не му е дојдено за тие бедни 500 денари што ќе ги заштеди, туку се решава за 1.6 дизел од други причини. Твое е дали ќе сфатиш или не.