Што разлика ќе му прави на некој 1-1,5Л потрошувачка во град, значи дали 1,6 или 2,0, кога купува кола од 20К. Или иљадарче поише за технички? Нема везе муабетов. Прво според мене за кола од 1,5t мотор од 1,6Л и 110-115КС е преслабо. Убрзање од 0-100 некои 13-тина секунди, без разлика која кола е. Втора работа кога бирав кола пред некој месец бев да ја видам и да ја тестирам Инсигнијата. Прва работа нормално седнувам на “работно место“ и иако е стара 6-7 години ми изгледаше ОК. Втора работа отидов да седнам позади. И не можев, трбаше да легнам. Простор ИЧ. Да седиш ама без глава. И уопште не ни седнав да ја возам.
508-цата барем за простор е ненадмашна. Ама цената ќумур. Ми нудеа 1,6 со 115КС, ама не ја бива, точак. За Мондеото немам искуство бидејќи не сум го видел, мада изгледа топ, но во секој случај во оваа класа испод 130-140КС ништо не доаѓа во предвив.
Заклучок: Мондео или 508, кој даде подобра понуда или личен афинитет.