Најмногу се исплаќа Застава вака да експериментираш. Евтино ја купуваш школката и механиката која ти треба.
Проблем е за тие што живееме во згради е што нема како да ја полниш. Сигурно нема да пушташ продолжен кабел

Мислам дека автономијата е околу 50км на вакво возило до 70-75 на ултра лесно количе како Пегличка.
А мислам дека е и багатела полнењето. Мислам дека едно полнење е 20-30 денари на 100 километри (евтина струја) до 40-60 денари на 100км. Полнењето е 8 саати и делимично полнење офкорс.
Исто така не е rocket science да се направи само треба контролер и акумулатори. Се разбира и соодветниот електромотор.