Автор Тема: Електрично Југо, by PLINMONT Битола  (Прочитано 20331 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг:
« Одговори #30 на: 15 Април 2015, 23:36:38 pm »
Welcome to the new world. 

Многу поубав од овој сегашниот.  Изгледа за Скопје сепак има шанси.  Замисли да субвенционираат пола сума за ел.  Возила  Наместо за барокни фасади....  До сега ќе дишевме воздух како на Титов врв.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Електрично Југо, by PLINMONT Битола
« Одговори #31 на: 15 Април 2015, 23:39:27 pm »
Домашнава струја е доволна за да се наполнат батериите и за 3 часа, но треба посебен брз полнач. Барем такви полначи има за електричниве велосипеди. Со обичен се полни за 8 часа, а со тие брзите за 3 часа но беа нешто поскапи што е и нормално. Сигурно за појаки батерии има појак полнач. А потрошувачката е смешна во однос на другиве горива :)

Ама на власта не и одговара да не се троши нафта или бензин, а да се поминува 100км со 100тина денари струја. За загадувањето според ова што се случува моментално не се многу заинтересирани.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Електрично Југо, by PLINMONT Битола
« Одговори #32 на: 16 Април 2015, 00:01:05 am »
Welcome to the new world. 

Многу поубав од овој сегашниот.  Изгледа за Скопје сепак има шанси.  Замисли да субвенционираат пола сума за ел.  Возила  Наместо за барокни фасади....  До сега ќе дишевме воздух како на Титов врв.
on i da ti subvencionira nema da ti dozvoli sam doma daja sostavis nego kje ima ovlasten servis koj normalno kje bide vrzan so masinski fakultet za normalno da te pustat kako legalen vo sobrakjajot i kje te kosta sacuvaj boze prepravkata

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 388
Одг: Електрично Југо, by PLINMONT Битола
« Одговори #33 на: 16 Април 2015, 01:01:06 am »
Има контролери за мотори што при кочење ги полнат батериите,во комшии еден комшија правеше велосипед на струја па сеа е во план да правиме кола на струја па баш разгледував опции околу контролерите и батериите,реално батериите и контролерот се најспаки другото се се прави со ситна пара.
Коченјето со контролерот е добро за нормално успорување и кочење, но што е со инцидентното кочење,значи мора да се одржи и постоечкиот систем за кочење,само како? А плус тоа кочењето со контролеот е само преку погонските тркала, и само како такво тешко да помине колата на технички

А што се однесува до брзиот полнач, лесна работа. Само батериите се проблем

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Електрично Југо, by PLINMONT Битола
« Одговори #34 на: 16 Април 2015, 01:24:01 am »
Си останува фабричкиот систем за кочење,се става електрична вакум пумпа на системот за кочење за да си остане сервото од кочниците.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Електрично Југо, by PLINMONT Битола
« Одговори #35 на: 16 Април 2015, 09:02:07 am »
Regenerativnoto kocenje ne e premnogu isplatlivo za da se zamaras. Ako ina opcija ima ako nema nema. Razlikata e mnogu mala.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Електрично Југо, by PLINMONT Битола
« Одговори #36 на: 16 Април 2015, 09:50:09 am »
Си останува фабричкиот систем за кочење,се става електрична вакум пумпа на системот за кочење за да си остане сервото од кочниците.

југо 45 мислам дека беше без вакум пумпа... исто како фичото, и пеглицата, со механичка кочница.

имам следено проект еден, од франција за пежо 206 да се преправи на струја. прво и основно, немаше ни мењач ни електромотор како што сите до сега ги постиравте тука, туку, самите тркала беа елкетромотори. значи 2 електро мотори. се менуваа предните тркала. така значително се олеснува колата (бидејки и мењачот се исфрла) и има место под хауба да се наместат батериите, со што колата и понатаму останува целосно фукнционална со празен гепек...

е сега.. за кочењето. прво педлата за гас е потенциомер нели... контролерот ја чита брзината на движење и притиснатата педала за гас. оној момент кога ке ја отпуштиш педалата, самото тркало погонско (преку контролерот) станувааалтернатор (или динамо) и ги полни батериите. при тоа тој отпор е доста голем и доста брзо закочува. за нормално возење низ град, кај што не се беснее со брзините, и се вози по знаци сосема доволно е за да застане комплетно. што се однесува до наглото кочење, кочниот систем беше преправен со друга пумпа-механичка и тој функционираше, сем што нели, автоматски има потврда педала, али работи. работи и рачната.

интересен проект, мислам дека и на јутјуб има клип за како понуда за овој тип на електромотори.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Електрично Југо, by PLINMONT Битола
« Одговори #37 на: 16 Април 2015, 11:03:03 am »
Hub мотори.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Електрично Југо, by PLINMONT Битола
« Одговори #38 на: 16 Април 2015, 11:06:12 am »
Лошото кај ваквиот хаб мотор е што моторот го ставаш пред суспензијата. Тоа значи дека ќе е подложен на сите нерамнини на патот.


Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 868
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Електрично Југо, by PLINMONT Битола
« Одговори #39 на: 16 Април 2015, 11:31:10 am »
Тоа се вика unsprung weight и е проблематично бидејќи суспензијата поспоро ќе одговара на теренот.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Електрично Југо, by PLINMONT Битола
« Одговори #40 на: 16 Април 2015, 11:32:13 am »
најмал проблем е unsprung weight, поголем проблем е стресот на електричните компоненти.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: Електрично Југо, by PLINMONT Битола
« Одговори #41 на: 16 Април 2015, 12:52:49 pm »
Си останува фабричкиот систем за кочење,се става електрична вакум пумпа на системот за кочење за да си остане сервото од кочниците.



југо 45 мислам дека беше без вакум пумпа... исто како фичото, и пеглицата, со механичка кочница.



Голф 1 (1.1 и 1.3) беа без серво за кочење па никому ништо. Сервото нема некоја битна улога освен што помага при кочењето (да не мора да се опниш со цела тежина да закочиш :D

Ако веќе зборуваме за обична преправка на Југо/Голф/Пегла ...не ви треба серво кочница. Мада и тоа се решава со електрична вакуум пумпа.


Мање битно.

Ептен ја забегавте со wheelhub мотори. Муабетов на темата е DIY електрична конверзија на кола. Со половни компоненти (мотор, акумулатори и контролер...ова последното малку тешко кај нас) мислам дека може да се успее во буџет од 1000-1500 евра.

Ова Југо на Плинмонт од Битола е Југо заморче :) а познавајќи го Менде од ништо да направи нешто сииииигурно не лупнал 3000 евра да го направи Југово. Да не претерам ама повеќе од 500 евра не ми се верува ама ајде ќе грешам душа :) :) :D

Притоа не мислам дека е стипса туку е ...resourceful :)

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1382
  • Велешанче
Одг: Електрично Југо, by PLINMONT Битола
« Одговори #42 на: 16 Април 2015, 14:06:11 pm »
Влатко може да ставиш некоја слика од точакот ? :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Електрично Југо, by PLINMONT Битола
« Одговори #43 на: 16 Април 2015, 14:34:12 pm »
Ајде коа ќе го начекам комшо ќе го сликнам,иначе има степ мотор од електрично серво од кола,батерии од упс,контролерот е од ибеј.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Електрично Југо, by PLINMONT Битола
« Одговори #44 на: 17 Април 2015, 00:44:50 am »
сега ме напнавте...  брат му на боро работеше до пред некој месец во една фирма за виљушкари сервисирање, увоза на половни итн итн... сега  утре ако го сретнам ке видам што значи (у пари гледано) да набавам еден електро мотор од тие виљушкари, електричните што се.. патем речено и контролери има тој... и поевтино може да добави акумулатори...

и не... не доаѓа во предвид југо... нешто друго ке биде, ако воопшто биде..
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време