Почитувано клаберство,
Отварам тема за дискусија и гласање. Треба да се реши една четирилема. Се работи за избор на нови лимузини во кои треба да се возат два дебели газови кои не сакаат да си го нарушуваат комодитетот. Притоа лимузините треба да бидат удобни, тивки и безбедни. Ќе се возат по 30K годишно од кои 10К низ град, а 20К на отворено по автопати на Балканскиот полуостров.
VW и SuperB по дифолт се влезени како комбинацја затоа што фирмата која треба да ги купи возилата веќе има повеќе Skoda и VW возила и активен договор со PORSCHE за комплетно одржување на истите кој треба да се продолжи, па шансите да се добијат поповолни цени при купувањето на еден од овие два бренда се големи.
Што се однесува до мене, мене најмногу ми се допаѓа Mazda-та. Можеби сум и пристрасен затоа што минатото мое возило беше Mazda 6 и бев презадоволен од неа (а би требало и нејзиниот нов сопственик кој е член на форумов). Passat-от ми е одбивен затоа што VW e иридентистички бренд на овие простори. Од друга страна не ми се допаѓа нешто посебно како изгледа. Додуша бев многу против него, но откако малку поубаво го разлгедав и ми се засвиѓа, најмногу поради внатрешноста. До тогаш, т.е. пред да го разгледам во живо, а имајќи во предвид колку одвратна грдосија беше претходниот модел, по дифолт го имав отпишано и новиот Пасат.
СуперБ-от не сум го разгледал детално, но од она кое го имам забележано по улици и слики - грд е. Посебно од напред е многу грд, ко да сакале да направат поголема грдосија од претходниот Пасат, ама за малку потрфлиле...
Од мотор, битно е да е турбаш, сеедно дали дизел или бензин, и да е што е можно поагилен и помоќен. Економичноста е небитна, т.е. тотално небитна.
Од опрема, би сакал да има што е можно повеќе, но минимум треба да има: паметна електроника на сите стакла и ретровизори, борд компјутер, темпомат, команди на волан, клима(не мора стозонска и автоматска), задни паркинг сензори, радио кое чита MP3 со USB.
Буџетот е ограничен на 27-28К евра, максимум 30К. Ценкањето не е земено во предвид, значи тие се реални пари кои можат да се платат по возило, па така можеме да земаме во предвид возила кои каталошки се 33К, а со ценкање може да ги земеме по 29К.
Добредојдени се сите паметни предлози за други брендови на возила. Каравани, комбиња и слично не доаѓаат во предвид, а исто и седани под 4.7m должина. Притоа, возилото треба да е претставително, и што е можно поудобно и поквалитетно.
Возилото ќе се вози во наредни 3-4 години пред да биде дадено на друг, значи битно е за тие 3-4 години безпрекорно да функционира.
Благодарам