Автор Тема: Звер од АУДИ А8 W12  (Прочитано 6288 пати)

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Звер од АУДИ А8 W12
« на: 28 Септември 2011, 14:38:24 pm »
Audi го прикажа луксузниот седан со исклучително опремен ентериер на Саемот за автомобили во Франкфурт, опремен со кожа од брендот Poltrona Frau и природно дрво со маслинови годови како гравура...
 
Само 50 возила од овој тип ќе бидат произведени, секое со посебен идентификациски сериски број.

Франкфурт секогаш знаел да ги задоволи вистинските познавачи на вредност во автомобилите, а истото редовно го прави и Audi. Овојпат тоа е седанот “Audi exclusive concept”, ексклузивна верзија на Audi A8 L W12 со со кожа од брендот Poltrona Frau и природно дрво со маслинови годови.


Стандардната верзија на знаменосецот на Audi, моделот А8, е веќе достапен возбудлив пример за бескомпромисно висок квалитет на изведбата и дополнет со исклучителната завршна обработка ги поттикнува сите сетила. Audi со ексклузивниот концепт Audi A8 L W12 го подигнува уживањето на едно ново ниво.

Седиштата од префинета и исклучително мека кожа во боја Cognac се изработени од ексклузивниот италијански производител Poltrona Frau. Вградени се нагласени детали со гранитни сиви елементи во централните делови на седиштето и потпирачот. Елементи од кожа има на повеќе делови во внатрешноста – на контролната табла, централната конзола, таапацирот на вратите и конзолите на седиштата, околу мерните инструменти, па дури и клучот е украсен со кожа.

Внатрешноста е дополнета со дрво со маслинови годови како гравура, која создава елегантен контраст со кожата на Poltrona Frau. Светло сиво-кафеафкастата боја на фурнирот е со исклучително фина гранулација. Природната, малку груба површина со сребрена нијанса во порите, му дава на дрвото префинет и рафиниран изглед. Ваквиот изглед се користи насекаде низ внатрешноста- како пример на задниот дел на седиштата, на возачката кабина, во тапацирот на вратите и во делот за одлагање на предмети и контролните единици во задниот дел.

Металните прагови со натписот “Audi exclusive concept”, кој исто така се наоѓа и на патосниците, само ја дополнуваат значајноста на елеганцијата.

Изложениот модел во Франкфурт беше во монсунско сива боја на каросеријата, а за докажаниот W12 мотор нема потреба за дополнително претставување- тој е класа сам за себе.

A8 L W12 ексклузивниот концепт на Audi ќе биде произведен во строго ограничена серија од 50 примероци, секој со плочка на која има единствен сериски број.


Ова е второ возило од Audi со етикета “exclusive”, после Q7 во exclusive варијанта, а Audi ветува дека следуваат уште модели под истата етикета, кои со нетрпение ги очекуваме.



By rikirulz at 2011-09-28

By rikirulz at 2011-09-28

By rikirulz at 2011-09-28

By rikirulz at 2011-09-28

By rikirulz at 2011-09-28

By rikirulz at 2011-09-28

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Звер од АУДИ А8 W12
« Одговори #1 на: 28 Септември 2011, 14:41:13 pm »
Значи се спрема нов мотор за големците од Бентли. :) Одличен подвиг, убаво е да се види кога ова ќе го тестираат на Топ Гиар.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Звер од АУДИ А8 W12
« Одговори #2 на: 28 Септември 2011, 14:43:38 pm »
Рики,ова саемското беше во Л изведба,која е различна од обичната  ;)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Звер од АУДИ А8 W12
« Одговори #3 на: 28 Септември 2011, 14:58:41 pm »
Задната слика покажува, дека позади се прави и да биде, спаваќа соба:)

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Звер од АУДИ А8 W12
« Одговори #4 на: 28 Септември 2011, 15:02:25 pm »
Фино фино . ;D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Звер од АУДИ А8 W12
« Одговори #5 на: 28 Септември 2011, 15:15:26 pm »
Трособен стан :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Звер од АУДИ А8 W12
« Одговори #6 на: 28 Септември 2011, 15:27:24 pm »
А горе има и панорамску погред, со ролетна на дугме...

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Звер од АУДИ А8 W12
« Одговори #7 на: 28 Септември 2011, 16:08:49 pm »
:o :o :o :o
Сакам да ми го купи некој за роденден ;D
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: Звер од АУДИ А8 W12
« Одговори #8 на: 28 Септември 2011, 17:16:58 pm »
а ова имат пенџери на дугме? :D :D :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Звер од АУДИ А8 W12
« Одговори #9 на: 28 Септември 2011, 19:35:57 pm »
L е long wheel base верзија, значи стандардната со продолжена шасија.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Звер од АУДИ А8 W12
« Одговори #10 на: 28 Септември 2011, 20:50:11 pm »
Значи се спрема нов мотор за големците од Бентли. :) Одличен подвиг, убаво е да се види кога ова ќе го тестираат на Топ Гиар.
po so vide deka se sprema nov za bentli..... kolku jas so znam na Bentley si se tradicionalnite 6.75L.... i nigde na drugo mesto ne e staven toj motor
*six and three quarters of a liter--taka si go vikaat britancite
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Звер од АУДИ А8 W12
« Одговори #11 на: 28 Септември 2011, 20:54:49 pm »
Рики, една забелешка само: кога цитираш пост од некој сајт, наведи го изворот доле или линк до изворот, може да си навлече форумот проблем заради тоа ;)
Добро намерно.

А Адиво добро е, само нема место за стајање :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Звер од АУДИ А8 W12
« Одговори #12 на: 28 Септември 2011, 21:29:33 pm »
Значи се спрема нов мотор за големците од Бентли. :) Одличен подвиг, убаво е да се види кога ова ќе го тестираат на Топ Гиар.
po so vide deka se sprema nov za bentli..... kolku jas so znam na Bentley si se tradicionalnite 6.75L.... i nigde na drugo mesto ne e staven toj motor
*six and three quarters of a liter--taka si go vikaat britancite

Веројатно поради ова (извадоци од прес сајтот на Бентли):

Bentley Continental GT

ENGINE                                
Type: 6-litre twin-turbocharged W12
Max Power: 567bhp / 423kW / 575PS @ 6000 rev/min
Max Torque: 700Nm / 516lb/ft @ 1700 rev/min

NEW Bentley Continental GTC

ENGINE                        

Type: 6-litre twin-turbocharged W12
Max Power: 567bhp / 423kW / 575PS @ 6000 rev/min
Max Torque: 700Nm / 516lb/ft @ 1700 rev/min

THE NEW CONTINENTAL SUPERSPORTS - AT A GLANCE

The fastest, most potent drop-top Bentley ever

    6-litre W12 engine twin-turbocharged engine produces 630PS (621bhp/463kW) at 6000 rev/min and 800Nm (590lb ft) of torque at 2000-4500 rev/min
    0 – 60mph in 3.9 seconds (0-100km/h in 4.2 seconds)
    0 -100mph in 9.6 seconds (0-160km/h in 9.5 seconds)
    Top speed of 202mph (325km/h)
    Overall weight saving of 90kg (198lb) versus GTC Speed

Мада, во текстов што го зајмел Рики, пишува „... докажаниот W12 мотор ...“, што ќе рече, можда и не се спрема нов мотор за Бентли. Башка, 6 3/4 литарскиот на Бентли е V8. Овој е две V6-ки залепени со Локтит :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Звер од АУДИ А8 W12
« Одговори #13 на: 28 Септември 2011, 21:35:54 pm »
Na site Bentley motori go ima ova znakce,motor so 50 godisna tradicija .......
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Звер од АУДИ А8 W12
« Одговори #14 на: 28 Септември 2011, 21:40:16 pm »
Го има, на тие што се со V8 мотор... На тие што не се, зашто би го имало тоа знакче?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.