Audi го прикажа луксузниот седан со исклучително опремен ентериер на Саемот за автомобили во Франкфурт, опремен со кожа од брендот Poltrona Frau и природно дрво со маслинови годови како гравура... Само 50 возила од овој тип ќе бидат произведени, секое со посебен идентификациски сериски број.
Франкфурт секогаш знаел да ги задоволи вистинските познавачи на вредност во автомобилите, а истото редовно го прави и Audi. Овојпат тоа е седанот “Audi exclusive concept”, ексклузивна верзија на Audi A8 L W12 со со кожа од брендот Poltrona Frau и природно дрво со маслинови годови.
Стандардната верзија на знаменосецот на Audi, моделот А8, е веќе достапен возбудлив пример за бескомпромисно висок квалитет на изведбата и дополнет со исклучителната завршна обработка ги поттикнува сите сетила. Audi со ексклузивниот концепт Audi A8 L W12 го подигнува уживањето на едно ново ниво.
Седиштата од префинета и исклучително мека кожа во боја Cognac се изработени од ексклузивниот италијански производител Poltrona Frau. Вградени се нагласени детали со гранитни сиви елементи во централните делови на седиштето и потпирачот. Елементи од кожа има на повеќе делови во внатрешноста – на контролната табла, централната конзола, таапацирот на вратите и конзолите на седиштата, околу мерните инструменти, па дури и клучот е украсен со кожа.
Внатрешноста е дополнета со дрво со маслинови годови како гравура, која создава елегантен контраст со кожата на Poltrona Frau. Светло сиво-кафеафкастата боја на фурнирот е со исклучително фина гранулација. Природната, малку груба површина со сребрена нијанса во порите, му дава на дрвото префинет и рафиниран изглед. Ваквиот изглед се користи насекаде низ внатрешноста- како пример на задниот дел на седиштата, на возачката кабина, во тапацирот на вратите и во делот за одлагање на предмети и контролните единици во задниот дел.
Металните прагови со натписот “Audi exclusive concept”, кој исто така се наоѓа и на патосниците, само ја дополнуваат значајноста на елеганцијата.
Изложениот модел во Франкфурт беше во монсунско сива боја на каросеријата, а за докажаниот W12 мотор нема потреба за дополнително претставување- тој е класа сам за себе.
A8 L W12 ексклузивниот концепт на Audi ќе биде произведен во строго ограничена серија од 50 примероци, секој со плочка на која има единствен сериски број.
Ова е второ возило од Audi со етикета “exclusive”, после Q7 во exclusive варијанта, а Audi ветува дека следуваат уште модели под истата етикета, кои со нетрпение ги очекуваме.
By
rikirulz at 2011-09-28
By
rikirulz at 2011-09-28
By
rikirulz at 2011-09-28
By
rikirulz at 2011-09-28
By
rikirulz at 2011-09-28
By
rikirulz at 2011-09-28