Автор Тема: Алат кој би сакале да го имате  (Прочитано 187908 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6285
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1200 на: 04 Јуни 2024, 09:28:21 am »
Поарно инко од продавница него парксајд од препродавач.

Парксајдот беше 75€ впродавница со 4Ач батерија како шо рече дуле.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3843
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1201 на: 04 Јуни 2024, 14:33:54 pm »
Не знам дали сте пробале милфаки штрафилица. Е тоа е снага, ама скапи се многу.
А за кабел, Fein. Поготово старите модели.

Шо бренд е тој милфаки? На гугл порничи ми излегуваат, се плашам и кабелот дали да го проверам на работа.  :-X
milwaukee

Него дајте конкретен предлог вака уште не знам што да гледам барам

Моментално best buy треба да е GDX 180 од Бош зошто имаш две опции одвртување и заштрафување во еден алат е сега не е најдоброто да двата света ама никој комбиниран алат не е.

Се сложувам дека ова е бест бај во моментов и долго време се мислам да потегнам рука и да ја земам. Единствена мака ми е што ако одам во оваа насока ќе отворам уште еден систем со различни батерии и си го комплицирам делот за менаџирање на батериите. Веројатно ќе дадам повеќе пари да се задржам на  ДеВалт.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7038
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1202 на: 04 Јуни 2024, 15:12:33 pm »
Ја уште еднаш ќе ја пофалам Ingco најскапата ударна штрафилица. Не ја користам секој ден, не се бавам со мајсторлук, ама што бетон, цигла и метал има пребушено, госпо' да ги поживеј кинезите.

Веројатно од премиум бренд ќе бев уште повеќе импресиониран, ама оваа доста, доста работа ми има завршено.
Јас исто искуство, конкретно за електрична ударна штрафилица, 1050в, ама со Парксајт, сдс+.
Изреновиран цел стан, симнување кошулица на одредени делови, минимум 3 кубика песок измешани, преку 30 вреќи готов малтер, искршени дел плочки од тоалет....
Ја платив 40е сосе додатоци, длета и 3 бургии.
Изгледа секој модел различно се покажува...

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3675
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1203 на: 04 Јуни 2024, 16:13:10 pm »
Парксајт, макс плус, вертус, инко, раидер тоа е се сра*е... Нискобуџетно само енхиел

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1204 на: 04 Јуни 2024, 19:29:41 pm »
Ингко е 5 класи над овие што ги наброја. Сега за сега, 5 шмишајбни, неколку фрези и бисквитарки маста им се вади по 12ч на ден. Само четкици се сменети на двете, и тоа, четкици идат резерва во кутијата.
Еинхел малку забегубаат со цените. Цо2 апарат 160 ампера им беше 26.000 денари, а варстрој 190ка кошташе 25.000 денари. Варстројот спие, ни склопка се слуша ни ништо.
Мерак ми е сега, хитачи или хикоки, и плав бош ама од германската фабрика.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1205 на: 04 Јуни 2024, 22:17:06 pm »
Ингко е 5 класи над овие што ги наброја. Сега за сега, 5 шмишајбни, неколку фрези и бисквитарки маста им се вади по 12ч на ден. Само четкици се сменети на двете, и тоа, четкици идат резерва во кутијата.
Еинхел малку забегубаат со цените. Цо2 апарат 160 ампера им беше 26.000 денари, а варстрој 190ка кошташе 25.000 денари. Варстројот спие, ни склопка се слуша ни ништо.
Мерак ми е сега, хитачи или хикоки, и плав бош ама од германската фабрика.

Прецизна ли е бисквитарката или има луфта?
Имаат сега ефтинија попусти па си правам шопинг листа.
Знам дека се ценовно достапни ама мислам дека премногу ги фалите Ингко, најискрено позитивното е тоа што имаат голем асортиман на батериски алати  ама па од десетина алатки реално можам да ги предложам само стегите, импакт драјверот и малата СДС бушилица додека не би ги препорачал мултитулот, фрезите(моторот е добар но немаат апсолутно никакви додатни функционалности), силиконскиот пиштол на батерии, пиштолите за фарбање, батериската шлајферица од 125mm e исто очајна итн.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3675
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1206 на: 05 Јуни 2024, 00:00:17 am »
Ингко е 5 класи над овие што ги наброја. Сега за сега, 5 шмишајбни, неколку фрези и бисквитарки маста им се вади по 12ч на ден. Само четкици се сменети на двете, и тоа, четкици идат резерва во кутијата.
Еинхел малку забегубаат со цените. Цо2 апарат 160 ампера им беше 26.000 денари, а варстрој 190ка кошташе 25.000 денари. Варстројот спие, ни склопка се слуша ни ништо.
Мерак ми е сега, хитачи или хикоки, и плав бош ама од германската фабрика.
3 пневматски хефталици рикна во рок од 2 недели, вибрациона 125 ка рикна за 2 месеци...
На пневматски алат даваат 6 месеци гаранција исто и на вибрационата со кабле имаше 6 месеци гаранција, за разлика од енхелот која што има 2 години. ..

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10271
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1207 на: 05 Јуни 2024, 00:30:17 am »
Од кај ви се земени на двајцата, можда до добавувачите е...

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3675
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1208 на: 05 Јуни 2024, 00:35:36 am »
Ефтинија

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10271
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1209 на: 05 Јуни 2024, 08:10:54 am »
Тие ко бајаги се нај официјални увозници... Изглејт и тие како ќе се погодат.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5257
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1210 на: 06 Јуни 2024, 20:40:49 pm »
Во Маквелд имаат акциски цени на електродите за заварување. На пример имате ESAB рутилно целулозни за пониска цена од рандом бренд по железарииве. Базичните ESAB исто се на акција.
Ми напраи кеиф што ми најдоа и од 2мм ESAB рутилни, некои последни кутии на сајтот не беа објавени.


https://makweld.mk/promotions/%D0%9A%D0%90%D0%9C%D0%9F24/00025

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 531
    • ibiz.mk
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1211 на: 07 Јуни 2024, 09:46:24 am »
Ефтинија имаат 20%попуст овие денови
Загледав ударна CiWLI2050 so 2 4ah baterii 7250(со попуст под 6000ке дојде)

Само да видам преку карго дали праќаат
Едит. Неможат и не важи попустот преку карго, штета
« Последно менување: 07 Јуни 2024, 09:58:05 am Tomce »

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5381
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1212 на: 07 Јуни 2024, 15:11:12 pm »
Глупости, не можеле...

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1213 на: 07 Јуни 2024, 15:38:13 pm »
Ефтинија имаат 20%попуст овие денови
Загледав ударна CiWLI2050 so 2 4ah baterii 7250(со попуст под 6000ке дојде)

Само да видам преку карго дали праќаат
Едит. Неможат и не важи попустот преку карго, штета

Да кажеше пред 2 дена требаше ;)

Глупости, не можеле...

Верувај дека на тој народ  не можат, бев во средата и беше абсолутен хаос, по слободна проценка прават 50 000 евра(ако не и повеќе) обрт дневно за време на попустиве

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1755
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1214 на: 07 Јуни 2024, 15:49:35 pm »
Има барем роба или слабо, сакав утре да идам да не тепам за џабе патот