Автор Тема: Алат кој би сакале да го имате  (Прочитано 187910 пати)

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2975
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1185 на: 03 Јуни 2024, 10:46:34 am »
Мислам дека од парксајд пиштолот е подобра опција. Јас имам таков и мака нема за штрафови од гуми

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=5022782

edit: еве и поефтин http://reklama5.mk/AdDetails?ad=4990320

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1186 на: 03 Јуни 2024, 14:36:29 pm »
Ингко и парксајд не можеш да ги рамниш. За иста цена, како огласов што е 8иљади денари, се зема саглам штрафилица од ингко. Ама штрафилица, без овие глупости од сликата.

Доволно е една шмишајбна да отвориш од парксајд и да ги видиш конусно-тањирастите запчаници, како од лимче да се. И одма знаеш со каков тип на алат си имаш работа.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1755
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1187 на: 03 Јуни 2024, 14:46:49 pm »
Ингко и парксајд не можеш да ги рамниш. За иста цена, како огласов што е 8иљади денари, се зема саглам штрафилица од ингко. Ама штрафилица, без овие глупости од сликата.

Доволно е една шмишајбна да отвориш од парксајд и да ги видиш конусно-тањирастите запчаници, како од лимче да се. И одма знаеш со каков тип на алат си имаш работа.
Што сметаш под саглам и на што треба да се обрне внимание планиран буџет е тој докај 100 евра оваа конкретно како пакет го нудат искача со 20% попуст околу 5200
пс. имаш некој предлог на модел

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1188 на: 03 Јуни 2024, 14:55:15 pm »
Почекај @Deni да се уклучи. Он го има ценовникот на ингко, од ит форум. И ќе ти каже што како.
А вечер ќе ти дадам мој предлог само да се приберам.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2975
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1189 на: 03 Јуни 2024, 15:05:31 pm »
Ингко и парксајд не можеш да ги рамниш. За иста цена, како огласов што е 8иљади денари, се зема саглам штрафилица од ингко. Ама штрафилица, без овие глупости од сликата.

Доволно е една шмишајбна да отвориш од парксајд и да ги видиш конусно-тањирастите запчаници, како од лимче да се. И одма знаеш со каков тип на алат си имаш работа.

70 евра е оваа во лидл, остај ги препродавачите.

За тоаа цена нема да најдеш од ингко подобра, верувај. Ги имам споредено пред да ја земам мојата.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5257
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1190 на: 03 Јуни 2024, 15:13:14 pm »
Парксајд се многу добри - ХОБИ - алатки. За викенд мајстори кои 3-4 пати годишно ги употребуваат спомнатите алатки.
Ингко се аматерска класа алат, ама многупоподесни ако макар и малку повеќе се работи со алатот. Сеуште не се за тешка експоатација, но солиден чекор над Парксајд.

И едните и другите се добри за тоа за што се наменети (во што е проблемот, разбирање за што се наменети). Од тој аспект купување од оглас е полоша опција од Ингко.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3843
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1191 на: 03 Јуни 2024, 18:34:57 pm »
Користам нешто алатки од Парксајд и редовно ги купувам кога ќе начекам нешто интересно. Морам да кажам дека се ризик јак. Некои успеваат да додржат некој посериозен циклус на користење но има неколку кои ми се распаднале буквално за неколку работни саати. Последната ударна шрафилица ја купив за 50тина евра бидејќи веќе имав батерии. Иако демек од „црните“ е. Успеав само 40-тина штрафа да отшрафи од импровизиран дек и исчури плочката за контрола на брашлес моторот. Заради тоа не би препорачал Парксајд за за работа каде што треба подолго да се занимаваш. Пак ќе кажам некои од нив тука се си бркаат рабта, ама лотарија е.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5357
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1192 на: 03 Јуни 2024, 18:47:43 pm »
Не ти е близу Лидл иначе си пиши таму, три јаре, пет јаре, ја враќаш и не се замараш :D Мислам дека во првите три месеци не треба ни сервис, директ ти враќаат пари.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1193 на: 03 Јуни 2024, 19:05:04 pm »
Ван не смеам да те прошетам низ погонот, да видиш како се користат ингко алати. Маста им се вади. За една макита, 2 ингко се купуваат. Парксајд може само на рафт да стои како украс.
Не знам дали сте пробале милфаки штрафилица. Е тоа е снага, ама скапи се многу.
А за кабел, Fein. Поготово старите модели.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3843
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1194 на: 03 Јуни 2024, 19:07:15 pm »
Не ти е близу Лидл иначе си пиши таму, три јаре, пет јаре, ја враќаш и не се замараш :D Мислам дека во првите три месеци не треба ни сервис, директ ти враќаат пари.


Sent from my iPhone using Tapatalk


До одреден степен има смисла и тој пристап, ама некогаш само денот со незавршена работа чини повеќе живци и и реални пари. Не велам дека сите треба одма да се стрчате по про алатки, само треба да се процени колку треба и колку вреди. Јас имам само две про алатки, 5/6 мид рејнџ и доста од ѓубрево од самопослуга. Не би купил повеќе Парксајд ако не мие само за qrташак. Овие про работиве, секоја пара што ја дадов си ја заслужија. Да не одам понатака кон аспект на безбедност и удобност при работа. И најбитното, сите додатоци на алатките од бургии, листови, пили, битови камења брусни, секачки, се тоа земи најдобро што можеш да си дозволиш, е не толку туку дозволи си повеќе од толку. На крај есапот ќе испадне подобар

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5381
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1195 на: 03 Јуни 2024, 23:14:14 pm »
Се продава аголнава пила. Сечено е ламинат со неа и лајсни за ламинат. Доаѓа со сите додатоци комплет - ќеси итн(не се сликани). Доколку има некој заинтересиран ќе му дадам контакт да се договори.



Parkside 1500W 5000rpm

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1196 на: 04 Јуни 2024, 01:04:09 am »
Ја уште еднаш ќе ја пофалам Ingco најскапата ударна штрафилица. Не ја користам секој ден, не се бавам со мајсторлук, ама што бетон, цигла и метал има пребушено, госпо' да ги поживеј кинезите.

Веројатно од премиум бренд ќе бев уште повеќе импресиониран, ама оваа доста, доста работа ми има завршено.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6285
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1197 на: 04 Јуни 2024, 07:54:32 am »
Не знам дали сте пробале милфаки штрафилица. Е тоа е снага, ама скапи се многу.
А за кабел, Fein. Поготово старите модели.

Шо бренд е тој милфаки? На гугл порничи ми излегуваат, се плашам и кабелот дали да го проверам на работа.  :-X

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1755
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1198 на: 04 Јуни 2024, 08:28:06 am »
Не знам дали сте пробале милфаки штрафилица. Е тоа е снага, ама скапи се многу.
А за кабел, Fein. Поготово старите модели.

Шо бренд е тој милфаки? На гугл порничи ми излегуваат, се плашам и кабелот дали да го проверам на работа.  :-X
milwaukee

Него дајте конкретен предлог вака уште не знам што да гледам барам

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1199 на: 04 Јуни 2024, 08:55:01 am »
Не знам дали сте пробале милфаки штрафилица. Е тоа е снага, ама скапи се многу.
А за кабел, Fein. Поготово старите модели.

Шо бренд е тој милфаки? На гугл порничи ми излегуваат, се плашам и кабелот дали да го проверам на работа.  :-X
milwaukee

Него дајте конкретен предлог вака уште не знам што да гледам барам

Моментално best buy треба да е GDX 180 од Бош зошто имаш две опции одвртување и заштрафување во еден алат е сега не е најдоброто да двата света ама никој комбиниран алат не е.