Автор Тема: Алат кој би сакале да го имате  (Прочитано 194337 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #375 на: 17 Август 2020, 14:43:52 pm »
Овде , во BMG electrical engineering, магацин е и имаат кабли од БОР, Србија (http://www.granddcopper.com/en/home.php). Мислам дека и од Зајечар се подобри.
Овие ми се последните цени што ги имам од нив.

3x1.5  23.36 den/m
3x2.5  36.8 den/m
5x2.5  60.17 den/m


https://www.google.com/maps/@41.9980608,21.4930593,3a,82.7y,183.73h,78.88t/data=!3m6!1e1!3m4!1s3aZxJ1Htbsts6I_31V96cA!2e0!7i13312!8i6656

Ништо посебни не се овие. Дури и лоши се.
Моментално се поевтини на пазарот па затоа ги фурат сите.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #376 на: 17 Август 2020, 22:08:44 pm »
Ако мајсторот за струја не ја распредели истата меѓу сите 3 фази кај големите потрошувачи, што сакате имајте од кабел, џабе е.
Колку примери имам чуено за врзани плотна, бојлер, машина за перење на иста фаза. Па пукало, пукај бе брат ;D

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #377 на: 17 Август 2020, 22:16:26 pm »
Во зградата спроти влез на Клинички верувај дека е така :) Термо печката, бојлерот и стандарден штекер се врзани на едно.

И сеа - во зима имаш избор или да ти е топло, ама да не си бањат или да се избањаш ама да замрзнеш  ;D

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #378 на: 18 Август 2020, 17:02:59 pm »
Во трофазен шуко 2 фази исти, заборавил и 3та фаза да направи да е иста...

Во станот има пуштано нова инсталација, нова спратна табла со ав. осигурачи.

На ново ти да преработуваш и доработуваш, јбг.
Денес сите се мајстори.




Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #379 на: 18 Август 2020, 17:05:48 pm »
Простаклук. Башка што е и многу опасно.

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 206
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #380 на: 06 Септември 2020, 18:54:13 pm »
Има некој совет за буџет пила електрична,  не моторна,  ќе се користи за средување во двор гранки( 2/3 пати годишно)
Сакав да земам Парксајд(6999rsd=3700mkd)  од лидл Србија ама се потрошиле уште првиот ден а појма немам дали и кога ќе имаат повторно акција.
Електрометал има  Еинхелл 4800ден 1800W 35cm но ми изгледаше препластична.
Друга опција ми е Ингоо 5700ден 2200w 40cm ама не сум ја видел каква е во живо.
Во хубо тоа шо ми се свиѓаше беше Макита од 8999ден.
Макс пулс, Матрих, Раидер и слични воопште не ми се примамливи, искуство anyone?

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5831
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #381 на: 06 Септември 2020, 19:21:00 pm »
Земи ја од Инго,ако не се лажам би требало да се со Oregon мач и ланец.

Sent from my BLN-L21 using Tapatalk


Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #382 на: 07 Септември 2020, 14:21:15 pm »
matrix od lotuls uvoznik so 2 godini garancija, imam stafilica na kabel, prezadovolen sum

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #383 на: 07 Септември 2020, 18:01:19 pm »
Си барам втора дигалка, за да можам да ги дигнам двете тркала во исто време (пример двете предни или двете задни). Бидејќи outleton се лажови и ја затворија продавницата без да кажат, а сакав иста како таа што ја имам.

Ваква имам моментално, ете ја доле и на слика. Не знам дали да земам на ист принцип што работи или некоја поинаква.


Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #384 на: 07 Септември 2020, 18:32:37 pm »
После кревање, ако мајсторишеш нешто, обавезно клоцни или трупче некое.  :)
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #385 на: 07 Септември 2020, 18:44:14 pm »

Слика 5 - Дружба со Заставиниот болид :)



@bear да да, секако тоа, ама фала за потсетување :) тоа или неколку бекатонки или пак тркалото доле легнато.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8606
  • Малерозен дрводарец
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #386 на: 07 Септември 2020, 21:03:27 pm »
Затоа јас ништо не поправам сам,

Ќе трева 3 тркала...
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2324
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #387 на: 08 Септември 2020, 18:13:45 pm »
@dbl.dzo Кажи каде ќе најдеш таква дигалка зашто и мене ми треба, и тоа како прва (мојата се расипа/искриви) а не како резерва  :) , немав време овој период да барам, се мислев половна оригинал да барам за Рено (за да си влезе во резерното тркало) ама тешко за наоѓање, така да ако најдеш нешто пиши за да земам и за мене
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #388 на: 08 Септември 2020, 18:33:36 pm »
@Filip MK договорено, ќе поминам во теков на неделава и во Хубо за други делови, па и тоа ќе видам, би требало и таму да има. Има во еуростил, како што пратив во претходната порака, еве и повторно тука ќе го пуштам линкот, само немам видено што како.

Не знам дали има други некои продавници што продаваат вакви работи, не ми текнува сега во моментов :)

http://euro-stil.mk/index.php?route=product/product&product_id=1130

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3060
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #389 на: 16 Септември 2020, 23:48:13 pm »


Dewalt DCK2060 - DCD778 + DCF787 + 2x2AH + полнач + куфер

e-shop.gr 288 eur

SBD MK 409 eur

Стварно претеруваат во SBD MK.

Поефтино ми е да го купам сетов од Грција (ок моментално не е изводливо, ама еден ден ќе ја товорат границата) сосе пат, него од да го купам сетот од МК.

Поефтино ми е да го купам сетот отколку да купам Hilti комбо дрил (SF 6H A22 (02) 237 eur) + ударна (SIDF 4-A22 214 eur) од Солун јер на увозникот на Хилти за МК не ни рачувам, не се замара воопшто да продаде нешто, ниту враќа на мејлови.