@smole да не знаеш други страни за рачен алат во грција или бугарија. И дали може со алат во вредност под 300 евра да поминам граница без ддв/данок.
skroutz.gr / bestprice.gr се сајтови каде се споредуваат цените на одреден артикал. За Бугарија не знам бидејќи ретко одам таму.
Мислам дека на МК царина со алат во вредност до 300 еур нема да имаш проблеми иако од прошлото лето малце подлабоко гњурат цариниците по багажници на граница, а и често имаат цариници "специјалци" (мобилна царина, тие во црно) кои стојат и набљудуваат како нормалниве цариници работат.
Можеш и ддв да си вратиш ако земеш од Грција?
Можеш да пробаш да земеш печат од грчка царина ама шансите се 50/50.
Ако ти се погоди тетката (на Богородица) ќе ти удри печат, ако се погоди маж нема да удри печат бидејќи алат се смета дека е за професионална употреба и потешко печатираат TAX FREE формулари, јас би си рачунал дека нема да добијам печат, ама би пробал.
E-shop некогаш ми го имаат утињано формуларот па на царина не ми удирале печат бидејќи тој формулар не бил за tax free - пази.