Доколку не ти смета половен алат, пред се клучеви, ќе одиш на канта-пазар во Скопје, исклучиво во петок. Јас купувам константно клучеви од таму. (рачвасти, окасти). До 22 број, се по 50денари парче. Јас барам само stahwille, gedore, hazet, dowidat, rahsol и usag. Болест ми станаа клучевиве, ама тоа е.
Ако сакаш нов алат, поготово торксови и имбуси, купи си нов саглам. Еднаш се купува саглам алат.
Макитава нема м од макита, само името се употребува.
Од саглам алат кај нас имаш, Unior , Gedore blue-профи алат- линк од смоле, или gedore ред-хоби линија, поранешно carolus, после имаш Beta во makweld исто профи алат од италија.
Торкс/имбус подобро купи саглам, кошта 1000ден комплет, ќе го имаш цел живот, и мала е веројатноста да ти оштети глава од штраф/навртка, сем ако е со низок квалитет штрафот. Од погоре марките, ја би, gedore>beta>unior
Проблемот со патентите или насадните клучеви е што ти се различни по величина, 1/2, 3/8 и 1/4 имаш најверојатно.
Купи адаптер, како решение, или пак ако ти е добра крцкалката, купи насадни на парче.