Автор Тема: Совет за поново половно возило  (Прочитано 13990 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #30 на: 27 Февруари 2015, 19:16:08 pm »
Треба да си многу наивен ако сметаш дека производите се исти за Западна и Источна Европа. Не само за коли, туку и за многу други работи.
Шетани луѓе сте немојте вакви размислувања.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #31 на: 27 Февруари 2015, 19:45:06 pm »
Ако знаеш сигурно дека е така, те молам приложи ги фактите врз основа на кои дедуцираше.

Ај јас ке ти одговорам на дел од прашањето, односно репликата која беше упатена кон Миле.

Конкретно, за моето возило, Пежо 206, купено од Италија, не можев да најдам никаде затегач на каиш и каиш освен во Еуроимпекс како овластен застапник и сервис на Пежо во Македонија.
Тој мотор кој го вози мојата 206-ка не се продавал воопшто во Македонија, туку моторот е наменет за западниот пазар. Еуроимпекс како овластен сервис мораат да го имаат и тој дел на залиха, од незнам кој причини. На лагер имале 5 затезачи од како знаат и јас бев првиот што го побарал. Пред 5 години.
Втора работа е компјутерот кој е вграден. Компјутерот кој е вграден е од Магнет Марели, додека сите овие што се продавани во МКД биле со Сименс компјутери. Најголеми проблеми и дефекти имале сите оние коли кои имаат вградено Сименсови компјутери.
Трета работа е воланот. Јас незнам 206-ка која има поминато повеќе од 40 000 км а воланот да не и е излитен и истрошен. Мојата има скоро 80 000 км и воланот е како нов да не речам.
Инаку колата си ја донесов од Италија и ја купив од познат човек со 52 000 км и сервисна книшка.

За веродостојноста на овие две - три релевантни работи, можеш малку да истражуваш.
Кои мотори се продаваат и со која ознака се продаваат за нашиот пазар, кои мотори се за западен пазар, руски пазар, азиски итн итн.

На скоро сите возила бројот на мотор и шасија ги откирва скоро сите потекла како на деловите, фабриката, пазарот за кој е наменет, итн итн...
Другарче имаше слично искуство со две Лагуни, едната купена нова од тука, другата ја увезе откако првата неможеа да и ја спасат електрониката.
На места каде "странската" имаше лимени делови за заштита,изолација или некоја др намена, кај "нашава" беа пластики.
Има доста разлики во автомобилите за наш и ЕУ пазар.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6185
  • 69
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #32 на: 27 Февруари 2015, 19:57:19 pm »
Лансерот е подобар од Октавијата, ако сакаш поригорозно да возиш, многу подобро држење има. Подобро изгледа од Октавијата, и има поише капацитет за визуелно средување.

Октавијата е подобра со мотор, багажен простор, можеби за нијанса подобри материјали во внатрешноста.

Штрумфко. Ме интересира ова за моторот? Во која смисла е Шкодата подобра во мотор од Мицито?
За кој модел поточно на мотор се зборува и се споредува?
Кварливост?
Издржливост?
Бучност?
Снага?
Потрошувачка?

Он д топик.
Дали членот кој го постави прашањето го разгледа Пежото кое го постирав во линкот.
Благодарам :)

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #33 на: 27 Февруари 2015, 20:00:10 pm »
Да се надоврзам на муабетов...

Пред неколку години ако не се лажам на форумов некој пишуваше дека од сите возила има по неколку класи. Е кај нас се носеле од 3та и 4та последна класа (во однос на квалитет и вградувани делови и материјали) што според мене држи вода во однос на ксарата која ја имав и беше прилично различна (нормално на подобро) од овдешните. Мојата беше од Холандија донесена. Така да не би требало да се ограничувате на неувезени возила, не значи дека се подобри. Единствено ако се од прв газда и го познавате лично возилото. Ова е мое мислење..

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #34 на: 27 Февруари 2015, 20:08:52 pm »
Јас имам пежо од франција за француски пазар и различен компјутер и кочници имам за разлика од 99% тука што ги возат.
И различна абс пумпа.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20699
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #35 на: 27 Февруари 2015, 20:42:19 pm »
Лансерот е подобар од Октавијата, ако сакаш поригорозно да возиш, многу подобро држење има. Подобро изгледа од Октавијата, и има поише капацитет за визуелно средување.

Октавијата е подобра со мотор, багажен простор, можеби за нијанса подобри материјали во внатрешноста.

Штрумфко. Ме интересира ова за моторот? Во која смисла е Шкодата подобра во мотор од Мицито?
За кој модел поточно на мотор се зборува и се споредува?
Кварливост?
Издржливост?
Бучност?
Снага?
Потрошувачка?

Споредувам 1.5 MIVEC со 1.4 TSI (атмо вс. турбо)
1 и 2. За кварливост, би требало Мицубишиевиот мотор да е понекварлив и поиздржлив на долги стази. Време би требало да покаже.
3. По бучност, моторот на Лансерот е прилично тивок на ниски и благопријатно бучен на високи вртежи. На Октавијата (би требало да) вади убав длабок звук на ниски и квалитетен звук на повисоки вртежи. Што се однесува до бучност во кабината, фабрички Лансерот има очајна изолација, меѓутоа моторот е прилично добро изолиран. Поголемата бучава доаѓа од надвор и од подвозјето. Да бидам искрен, не се сеќавам како стоеше Октавијата со бучност, пошто ја возев пред околу 6 години.
4. Снага - дефинитивно на страна на Октавијата, пошто турбото си го прави своето.
5. Потрошувачка - јас сум покажал и докажал дека Лансерот може да биде изузетно штедлив, доколку знаеш како да го возиш. За 1.4 ТСИ (ама во Леон), marjanot покажал и докажал дека е фантастичен во поглед на потрошња.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29785
    • CARclub.mk
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #36 на: 27 Февруари 2015, 20:51:38 pm »
Плус, Октавија со 1.4 TSI има 6-брзински мењач, што ја прави покомотна и поекономична на отворен пат. Разликата во перформанси е значителна, ама како што веќе кажа турбото си го прави своето. Сигурен сум дека Лансерот е долгорочно понерасиплив.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #37 на: 27 Февруари 2015, 21:19:29 pm »
Безбедноста кај Октавијата е 4 sвезди. Само луксузниот модел Лаура и Клермент оди со 6 ербега.

Значи Лансерот има 5* и 6 ербега или 7, Октавијата 4* со 4 ербега.


Кога би земал поново возило ова е еден од критериумите кој мора да ги исполни, + ЕСП да има.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6666
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #38 на: 27 Февруари 2015, 21:31:14 pm »
Ама во реалноста ни 1% не е можноста да се судриш со ист лансер или слично возило. Ако се судриш со поголемо возило, камион или автобус ?
Или некој со волво ако те удри ?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29785
    • CARclub.mk
Одг: Re: Совет за поново половно возило
« Одговори #39 на: 27 Февруари 2015, 21:36:51 pm »
Фило... Што?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6185
  • 69
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #40 на: 27 Февруари 2015, 22:36:52 pm »
Фило краљу.

Он д топик.

Мислам дека кога ке се сумира генерално, Мицито со моторот немал никакви проблеми.
1.4 ТСИ моторот е турбаш, поексплозивен, има 6 степен менувач кој на долги стази е потивок.
Кога би требал да го бирам него во однос на Мицито, јапанецот би го избрал во секој случај.
Да прогугламе кои дефекти се специфични и карактеристични за ТСИ а кои за 1,5 мивец моторот на мици. После ке продолжиме со останатите работи :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10987
  • 430i
Одг:
« Одговори #41 на: 28 Февруари 2015, 01:08:22 am »
Ама гуглај за конкретниот ТСИ, во Шкодата.

Отсутен duffymkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 134
  • Noob
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #42 на: 01 Март 2015, 22:35:16 pm »
@marjanot gledam ti si po Seat...
Aj objektivno kako si zadovolen od Leonot ? 1.4 Benzin kolku troshi?

http://weltauto.mk/?go=offer&p=detail&usedcarofferId=1608

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10987
  • 430i
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #43 на: 02 Март 2015, 14:21:27 pm »
Овој што си го постирал е обичен бензинец 1.4 85кс.

Тромав е и ќе ти троши најмалку 9 низ град. Зависи за што ти треба, ако го расплиниш и не бараш перформанси ќе те служи без никаков проблем.

Моделот е фејслифт и се разликува од пред-фејслифт моделот во предниот и задниот браник, предната решетка, стаклото односно рамката на гепекот на задното ветробранско стакло, внатрешноста е комплетно изменета, од шалт табла до седишта. Инаку е во референс опрема (основна опрема кај Сеат), ама има доволно.

Претпоставувам дека си помлад дечко, па ќе те личи до Леонот :)
Возењето е тврдо, управувањето директно, со еден збор, забавно е да го возиш. Не е комфорен како конкурентите и затоа си бара ургенција при избор на гуми :)
Треба да знаеш дека на повозрасен човек позади би му било заморно на подолги патувања, потпирањето е малку подисправено споредено со другите возила во класата.
Не располага со голем гепек, 341 литар (и тука е зад конкуренција), но мене не ми смета тоа ако се земе во предвид дека и зимовање и летовање поминав со 3 деца и вуфер во гепек.

За одржување има каде да го одржуваш, моторот е познат, делови има секаде, не е скап за одржавање.

Ако случајно те наведе око ТСИ да гледаш (турбо бензинец, со директно вбризгување на гориво) само кратко инфо.
Обично на нет ќе начекаш коментари дека треба да бегаш ко од поплава кога ќе слушнеш ТСИ. Такво е генералното мислење.
ТСИ моторите идат во повеќе верзии:

1.2 85 кс
1.2 105 кс
1.4 120, 122, 125 кс
1.4 160, 170 кс
1.8 180 кс
2.0 200 кс
2.0 230 кс
и поголемите

Бројките земи ги ориентационо бидејќи за истиот мотор разликата може да е 3-5 кс во зависност од тоа дали е VW, Шкода, Сеат, Ауди.

Проблеми со ТСИ моторите имаа:

1.2 (двата мотора) и тоа најмногу вградени во Шкода иако добар број има и низ Сеат и VW (проблеми со турбина, дихтунг на турбина, затегач на ланче ...)
1.4 моторот со компресор и турбина (обично Голф 5 и првите Широко)
Не сите, но солидна бројка од овие мотори имаа проблеми и логично е доколку може да бираш на старо да ги заобиколиш. Има и на форумов 2 голфа со тој ТСИ мотор со солидна километража, едниот и ремапиран, без никаков проблем.

Останатите ТСИ мотори немаат (бар до сега) никакви позначајни проблеми со моторот.
Нај користениот 1.4 ТСИ со ознака CAXC (кај мене е вграден тој) до сега нема пријавено никаков позначаен проблем (ги има неколку и на форумов). Истото е и со 1.8 (на Алкалоид Пасатите имаат по 150-200.000км) и 2.0 ТСИ моторите.

Ќе видиш клипчиња на ЈуТјуб и ќе читаш коментари дека штракале дизни, вентили... Не. Штрака пумпата под висок протисок за гориво, која е поставена горе и се додека не се раздвижи маслото за подмачкување. Да се разбереме, ова ќе го слушнеш со отворена хауба, во кола незначитечно се слуша, а кога ќе загрее моторот ќе проверуваш да не се изгасил моторот :)

Кај мене во гаража имаш подетално за потрошувачка, забрзувања и слично. Ако треба нешто друго, прашај си :)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3912
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #44 на: 03 Март 2015, 15:55:48 pm »
... Истото е и со 1.8 (на Алкалоид Пасатите имаат по 150-200.000км)...
ги сменивме пасатите... сеа се мерцедеси.. е250. :D