Автор Тема: Совет за поново половно возило  (Прочитано 13998 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #15 на: 27 Февруари 2015, 10:30:53 am »
Знам дека е така бидејќи имам клиенти од автомобилската индустрија, а има и тука членови што го знаат истото.

Значи така си чул, ок

Башка тука на форум имаше тема порано во која се поставуваа докази за истото. Се споредуваа нови воила но со забележливи разлики во квалитетот на изработка и склоување. Мислам дека тема на разговор беше Цитроен, Фиат и Алфа тогаш. Дури и се сеќавам на фотографиите.

Нови... купени каде?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34144
  • Таков е животот... јебига
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #16 на: 27 Февруари 2015, 10:46:38 am »
Знам дека е така бидејќи имам клиенти од автомобилската индустрија, а има и тука членови што го знаат истото.

Значи така си чул, ок

И видел со сопствени очи. И на фотографија и во живо во документација.

Башка тука на форум имаше тема порано во која се поставуваа докази за истото. Се споредуваа нови воила но со забележливи разлики во квалитетот на изработка и склоување. Мислам дека тема на разговор беше Цитроен, Фиат и Алфа тогаш. Дури и се сеќавам на фотографиите.

Нови... купени каде?

Тука во Македонија. Од слична причина кога ќе прашаш нешто за некој дел кај некој овалстен добавувач (кој ја има информацијата за класата на возилото) ти бара број на мотор или број на шасија. Што мислиш зошто не им е доволно да го кажеш само моделот и година на производство на возилото?
Него му треба информација конкретно за кое возило се работи а не за кој модел ;)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #17 на: 27 Февруари 2015, 11:03:21 am »
И видел со сопствени очи. И на фотографија и во живо во документација.

Милице... не се сомневам дека си видел разни коли во разни состојби со сопствени очи. Твоето искуство не беше предмет на дискусија. Предметот на дискусија беше разликата во квалитетот меѓу а) коли купени кај нас и б) коли купени „на запад“. Ти можеш сите до една коли продадени во мк да си ги видел, до една без исклучок, но тоа не те води кон заклучок за хипотетската разлика во квалитет. Уште еднаш да се потсетиме дека не постои потполна индукција, па заклучокот за разликата во квалитетот не можеш да го индуцираш, можеш само да го дедуцираш.

Нови... купени каде?

Тука во Македонија.

И како со гледање коли купени во Македонија ќе дознаеш било што за квалитетот на колите купени во - шознам - Германија? Никако.

Од слична причина кога ќе прашаш нешто за некој дел кај некој овалстен добавувач (кој ја има информацијата за класата на возилото) ти бара број на мотор или број на шасија. Што мислиш зошто не им е доволно да го кажеш само моделот и година на производство на возилото?
Него му треба информација конкретно за кое возило се работи а не за кој модел ;)

Ова е твое хипотетизирање... разумно, плаузибилно, но сепак хипотетизирање. Не е факт. Број на мотор/шасија може да биде потребен од мал милион причини, а не само затоа што квалитетот на колите е различен.

Јас сум сигурен дека, на пример, едно исто ниво на опрема не е истото во мк и во англија. Како знам? Кокошарник Акцента во англија иде со паркинг сензори напред и позади, а во мк треба да се докупуваат. Ама тоа не е разлика во квалитетот, туку разлика во опременоста.

Отсутен duffymkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 134
  • Noob
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #18 на: 27 Февруари 2015, 11:24:56 am »
I jas sum so Filip...opremata zavisi od pazarot kaj sto ke se prodava pa istoto nivo na opremenot e razlivno tuka i vo germanija ama na primer deka se koristat razlicni matrijali vnatre neveruvam.

Sepak, ne sum videl neznam, ama nema logika nekako...

Отсутен duffymkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 134
  • Noob
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #19 на: 27 Февруари 2015, 14:01:59 pm »
Ај сега уште едно прашање за разлисмување...
Јас мислам дека е подобро за буџет то 8000 што поново и помалку возено.

Ама сеа кога е веке половно дали поминало 70,000 или 100.000 или 120.000 значи ли многу ? Може подобро за тие пари малку постаро Ауди А4 наместо Шкода или Форд ? Или може не ? :)

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 297
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #20 на: 27 Февруари 2015, 14:07:10 pm »
Бреееј никој за Лансерот!

Зашто толку хејтате? :)

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #21 на: 27 Февруари 2015, 14:22:46 pm »

Бреееј никој за Лансерот!

Зашто толку хејтате? :)


не го хејта никој лансерот, али за тие пари октавијата е со посаглам мотор плус повеќе опрема
No turbo, no fun :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34144
  • Таков е животот... јебига
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #22 на: 27 Февруари 2015, 14:23:15 pm »
Филип, многу го тупиш. Јасно ти е што зборам само си неверојатен тупаџија. Кога ќе се видиме ќе ти објаснам подетално, тука јавно не можам да зборувам на таа тема. Треба сам да ти текне зошто и како, ама ти сакаш да тупиш а не да сфатиш.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6538
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #23 на: 27 Февруари 2015, 14:27:50 pm »
13 коња кај биле кај не биле, а за опремата зато 1000 евра е поевтин.  :D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10987
  • 430i
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #24 на: 27 Февруари 2015, 14:31:37 pm »
Ај сега уште едно прашање за разлисмување...
Јас мислам дека е подобро за буџет то 8000 што поново и помалку возено.

Ама сеа кога е веке половно дали поминало 70,000 или 100.000 или 120.000 значи ли многу ? Може подобро за тие пари малку постаро Ауди А4 наместо Шкода или Форд ? Или може не ? :)

Може е поарно да видиш дали поминал голем сервис и ако да, каде е извршен. Бар да си имаш гајле помалку.

13 коња кај биле кај не биле, а за опремата зато 1000 евра е поевтин.  :D

Моногу повеќе од 13 коња се  ;)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11749
  • Архитект
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #25 на: 27 Февруари 2015, 15:10:01 pm »
Разликата помеѓу Октавијата и Лансерот е само имиџот на газдата.
Дали сакаш да возиш шкода или митсубиши.

Ако некој ти кажи што е подобро од двете, те лажи.

Јас кога купував ново одбрав Митсубиши пред октавија.
Воопшто не ми беше битно што октавијата има појак мотор.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29787
    • CARclub.mk
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #26 на: 27 Февруари 2015, 15:12:34 pm »
Ај сега уште едно прашање за разлисмување...
Јас мислам дека е подобро за буџет то 8000 што поново и помалку возено.

Ама сеа кога е веке половно дали поминало 70,000 или 100.000 или 120.000 значи ли многу ? Може подобро за тие пари малку постаро Ауди А4 наместо Шкода или Форд ? Или може не ? :)

Може е поарно да видиш дали поминал голем сервис и ако да, каде е извршен. Бар да си имаш гајле помалку.

13 коња кај биле кај не биле, а за опремата зато 1000 евра е поевтин.  :D

Моногу повеќе од 13 коња се  ;)

Во најмала рака, 2 секунди до 100 е разликата.

Енивеј, Мене Октавијата не ми се свиѓа баш на изглед (со фејслифтот), ама тоа е ствар на вкус.. Плус оваа глеам дека има големки тркала и фино е опремена внатре.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6538
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #27 на: 27 Февруари 2015, 17:56:59 pm »
Да не напинам многу, ама 0.7s до 100-ка е разликата ако проверив точно. х)
Шкодата е полесна а и помалце троши.

Е сега немам Мицубиши да забележам што му фали, ама и тој е прилично опремен,
и од тоа што можам да забележам му фали магленки и наслон за рака во однос на октавијата.
Можеби и други работи ама не се напишани.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6185
  • 69
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #28 на: 27 Февруари 2015, 18:05:14 pm »
Ако знаеш сигурно дека е така, те молам приложи ги фактите врз основа на кои дедуцираше.

Ај јас ке ти одговорам на дел од прашањето, односно репликата која беше упатена кон Миле.

Конкретно, за моето возило, Пежо 206, купено од Италија, не можев да најдам никаде затегач на каиш и каиш освен во Еуроимпекс како овластен застапник и сервис на Пежо во Македонија.
Тој мотор кој го вози мојата 206-ка не се продавал воопшто во Македонија, туку моторот е наменет за западниот пазар. Еуроимпекс како овластен сервис мораат да го имаат и тој дел на залиха, од незнам кој причини. На лагер имале 5 затезачи од како знаат и јас бев првиот што го побарал. Пред 5 години.
Втора работа е компјутерот кој е вграден. Компјутерот кој е вграден е од Магнет Марели, додека сите овие што се продавани во МКД биле со Сименс компјутери. Најголеми проблеми и дефекти имале сите оние коли кои имаат вградено Сименсови компјутери.
Трета работа е воланот. Јас незнам 206-ка која има поминато повеќе од 40 000 км а воланот да не и е излитен и истрошен. Мојата има скоро 80 000 км и воланот е како нов да не речам.
Инаку колата си ја донесов од Италија и ја купив од познат човек со 52 000 км и сервисна книшка.

За веродостојноста на овие две - три релевантни работи, можеш малку да истражуваш.
Кои мотори се продаваат и со која ознака се продаваат за нашиот пазар, кои мотори се за западен пазар, руски пазар, азиски итн итн.

На скоро сите возила бројот на мотор и шасија ги откирва скоро сите потекла како на деловите, фабриката, пазарот за кој е наменет, итн итн...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20699
Одг: Совет за поново половно возило
« Одговори #29 на: 27 Февруари 2015, 19:09:29 pm »
Лансерот е подобар од Октавијата, ако сакаш поригорозно да возиш, многу подобро држење има. Подобро изгледа од Октавијата, и има поише капацитет за визуелно средување.

Октавијата е подобра со мотор, багажен простор, можеби за нијанса подобри материјали во внатрешноста.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.