Автор Тема: Места на кои треба да бидеме претпазливи.  (Прочитано 237994 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #315 на: 17 Април 2017, 10:52:55 am »
Интересно! Благодарам, баш ќе обрнам повеќе внимание на 19ти. :)

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #316 на: 17 Април 2017, 11:03:55 am »
Фашисти, за ова ли ги плаќаме
Цитат
Според истражувањето кое го објави Европскиот совет за безбедност на сообраќајот, зголемената брзина на движење на патиштата за само 5% доведува до зголемување на бројот на сообраќајни незгоди со смртен исход за повеќе од 20%.
Значи секој пат кога возиш 52 место 50 убиваш по еден пензионер.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #317 на: 17 Април 2017, 11:12:18 am »
Фашисти, за ова ли ги плаќаме
Цитат
Според истражувањето кое го објави Европскиот совет за безбедност на сообраќајот, зголемената брзина на движење на патиштата за само 5% доведува до зголемување на бројот на сообраќајни незгоди со смртен исход за повеќе од 20%.
Значи секој пат кога возиш 52 место 50 убиваш по еден пензионер.

Значи ако ги земеш сите сообраќајки направени при 80 км/ч кои имаат 100 смртни случаи, па потоа ги земеш сите сообраќајки направени при 85км/ч се очекува да има 120 смртни случаи, што и не е за неверување, тоест на границите на верување

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #318 на: 17 Април 2017, 17:43:15 pm »
Во Америка има ограничување на брзината на автопатите, од 40 до 60 милји.
Во Германија нема никакво ограничување на брзината.
Германија има 2.5 пати помала смртност на патиштата во однос на Америка ( и Македонија) а се вози и со 400 кмх.
https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_traffic-related_death_rate

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #319 на: 17 Април 2017, 17:51:00 pm »
Тука повторно треба да се навратиме на видеото што веќе долго време му стои во потпис на Дени.


Пропишаните брзини скоро секогаш се со намера да се казнуваат возачите, наместо да се зголеми безбедноста.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #320 на: 17 Април 2017, 20:26:51 pm »
Пропишаните брзини скоро секогаш се со намера да се казнуваат возачите, наместо да се зголеми безбедноста.

Тука повторно ќе повторам, пропишаните брзини не ги гледајте од аспект на убав и сув сончев ден. Гледајти ги од аспект на темно, мокро, магловито, непознато дали е подмрзнато или не, непознато од аспект дали има одрони, песок и слични работи. Сте виделе десетици видеа како во Германија каде нема ограничување на брзините дури и на мали брзини коли се лизгаат, извртуваат, излетуваат од патот и слично. Ограничувањето на брзината е поради тоа што на патот не сте сами и не возат сите исто брзо како вас.

Ограничувањата на брзините се безбедносни мерки. Не служат за да се ЗГОЛЕМИ безбедноста, туку само да се обезбеди безбедноста. Казните се само казни за оние кои не се свесни каде се и како треба да се однесуваат. Одете на стаза, таму нема ограничување на брзините, сами си одговарате за штетата на колата, никој нема да ви биде колатерална штета. Ограничувањата на брзините служат за да информираат, затоа што не сите луѓе подеднакво ја перципираат реалноста и состојбите на патиштата.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #321 на: 17 Април 2017, 20:35:05 pm »
Нема врска, кога е магловито и мокро и лизгаво, тогаш се вози според условите на патот, со крајно внимание.
Максимална пропишана брзина, важи за најсончев и најбуав ден на светот. Ако стои џандар и мери, ќе те казни. џабе што може ти безбедно 200 да возиш.

BTW да повториме за брзината. Посебно @Klen мислам дека треба да го види видеото:


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #322 на: 17 Април 2017, 22:37:35 pm »
Значи ако возам 25% над дозволеното 100% од пешаците ќе загинат, гот ит!
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #323 на: 17 Април 2017, 23:07:03 pm »
Пропишаните брзини скоро секогаш се со намера да се казнуваат возачите, наместо да се зголеми безбедноста.

Тука повторно ќе повторам, пропишаните брзини не ги гледајте од аспект на убав и сув сончев ден. Гледајти ги од аспект на темно, мокро, магловито, непознато дали е подмрзнато или не, непознато од аспект дали има одрони, песок и слични работи. Сте виделе десетици видеа како во Германија каде нема ограничување на брзините дури и на мали брзини коли се лизгаат, извртуваат, излетуваат од патот и слично. Ограничувањето на брзината е поради тоа што на патот не сте сами и не возат сите исто брзо како вас.

Ограничувањата на брзините се безбедносни мерки. Не служат за да се ЗГОЛЕМИ безбедноста, туку само да се обезбеди безбедноста. Казните се само казни за оние кои не се свесни каде се и како треба да се однесуваат. Одете на стаза, таму нема ограничување на брзините, сами си одговарате за штетата на колата, никој нема да ви биде колатерална штета. Ограничувањата на брзините служат за да информираат, затоа што не сите луѓе подеднакво ја перципираат реалноста и состојбите на патиштата.

Се согласувам со другарот Миле.

Иако тука на форумов сите ние сме најпаметни и најстручни во секоја област сепак мора да ја прифатиме реалноста а тоа е дека има и попаметни од нас,особено еве во областа на сообраќајот. Значи тој некој попаметен од нас, стручен во својата област, ги земал сите фактори што се во игра, како: наклон на земјиште, приклучни патишта, населено или надвор од населено место, какви се будалетинки управуваат возила итн и одлучил да бидат тие сообраќајни знаци какви што се, без разлика дали нам ни се по ќеф или не.

Пример ќе го земам превојот Страцин. Тие што го искачувале или симнувале ќе знаат што зборам. Ограничувањето на брзината е 60км/ч. Јас ретко го спуштам или се качувам под 110-120, освен ако нема некоја гужва или милиција. Не сум цвеќе за мирисање и лично би сакал ограничувањето да е барем 80км/ч, не заради друго туку заради помалата казна што хипотетички би ја јадел ако ме запрат. Тој попаметниот од нас утврдил дека најбезбодно за возење, земајќи ги во предвид факторите набројани погоре, е 60км/ч. Доколку сите учесници во сообраќајот би возеле со таа брзина максимална тогаш сообраќајните незгоди би тежнееле кон нула, односно би имало максимално безбедни услови за одвивање на сообраќајот. Али, пошто генски ни е преодредено да не ги почитуваме законите, правилата и прописите кои не се по наша волја и кога ради тоа непочитување се случуваат срања тогаш Цацко ни е крив или Бранко можда беше.

Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #324 на: 18 Април 2017, 07:36:19 am »
@Дибидус изгледај го видевцено погоре што го постирав, 15 минути требаат само. Баш се збори за такво место како превојот кај страцин и купишта други низ државава, кај што постојат реални услови за зголемување на ограничувањето, наместо за криење на џандари позади џбунче.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #325 на: 18 Април 2017, 09:08:21 am »
Од споредбите кои што јас ги имам направено од државите низ кои најчесто имам возено за приближно исти локални/магистрални двосмерни патишта (иста ширина на коловоз, иста конфигурација на терен, иста оптеретеност со возила):

Македонија нас. место 50 кмх остра кривина/приклучок на друг пат 60 кмх останато 80 кмх
Србија         нас. место 50 кмх остра кривина/ приклучок на друг пат 60 кмх останато 80 кмх
Грција         нас. несто 50кмх остра кривина/приклучок на друг пат 70 кмх останато 90 кмх
Германија   нас. место 50кмх остра кривина/приклучок на друг пат 70 кмх останато 100 кмх

Зошто постои толкава голема разлика, стварно не знам и би сакал некој тука да објасни.

Како место на кое треба сите да бидеме претпазливи е тазе реновираниот автопат Велес-Миладиновци каде на самиот најдолг мост при кратки врнежи се собира вода во форма на езеро со длабочина од 1м. Некој може да влета незнаејќи со 130 кмх, мислејќи дека вози по ''автопат''.



Зини да ти кажу.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #326 на: 18 Април 2017, 09:09:14 am »
Пак истото го зборуваме. Луѓето гинат од дебилизам за кој зборувам секој втор ден. Кретени без мозок претекнуваат на полна линија во непрегледа кривина и прават директни судари. Тоа НЕ СЕ санкционира!! Наместо тоа се санкционираат кога некој ќе претекне трактор кој оди 20кмх на полна линија и ќе му залепат казна 300 евра и 6 месеци возачка дозвола. За што? Што си згрешил? Треба ли да го чекаш тракторот 15 минути додека да дојде испрекината линија, кога е совршено безбедно да се претекне трактор кој оди 20 на прав пат, тракторот се трга десно, немора ни да преминеш целосно во спротивната лента?

Брзината и во Германија на регионалните патишта е ограничена на 90-120, но на автопатите често е неограничена и со 450кмх имаат најмалку сообраќаји во цел свет. Во многу европски земји има тенденција да се зголеми максималната и минималната дозволена брзина на автопатите затоа што статистиките укажуваат дека големата брзина на автопатите резултира со поголема безбедност.  За малите мозочиња на форумот, мора да објаснам дека не подржувам беснеење по патиштата, напротив, подржувам одговорно однесување, тоа е она што ни фали, возачка култура. Секој трет не знае да претекне, влегува во макази или во опасни ситуации. Исто толку не знаат никако да претекнат и прават долги колони. Секој трет се курчи и прави глупости. На експресниот пат велес штип возат споро, залепени на полната линија наместо да се тргнат скрос десно, а од инает го прават тоа, не сакаат да отстапат место за безбедно претекнување и го загрозуваат сообраќајот.

Спортските патеки се одлични за сите да можат да се издуваат безбедно, зборуваме веќе една деценија како треба да се изгради писта и патека, но тоа е решение за илегалните трки по булеварите и друг проблем.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #327 на: 18 Април 2017, 10:04:33 am »
Цитат
Во среда сообраќајната полиција ќе спроведува специјални контроли

Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Управата на сообраќајната полиција, во текот на следната недела во рамки на меѓународната организација TISPOL-мрежата на сообраќајната полиција, ќе спроведе акција на засилена контрола на брзината на движењето на возилата.

Акцијата ќе се спроведува во сите делови на државата кои соработуваат во оквирот на TISPOL со 28 земји членки на ЕУ, меѓу кои и Швајцарија, Норвешка и Србија.

Во рамки на акцијата во среда на 19 април, ќе биде спроведена и акциајта „Speed Marathon“, каде брзината ќе се мери 24 часа непрекинато со рачни радари, радари во системите на видео надзорот и уредите за мерење на брзината на возилата без обележја на полицијата – пресретнувачи.

Секој контролиран возач ќе биде алкотестиран, додека сообраќајната полиција исто така за време на запирањето на секое моторно возило кое ќе ја надмине дозволената брзина на движење, ќе му изврши контрола и на користењето на појасите за врзување како на возачот така и на патниците, на начинот на кој предвидел производителот на возилото.


Утре можеби ќе има многу контроли.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #328 на: 18 Април 2017, 10:59:12 am »
Мора економијТа да се развива
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #329 на: 18 Април 2017, 11:20:39 am »
Прочитај уште еднаш.

Sent from my SM-N910F using Tapatalk