Автор Тема: Места на кои треба да бидеме претпазливи.  (Прочитано 238086 пати)

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #180 на: 07 Октомври 2015, 14:13:26 pm »
Мислам дека законот се применува од 7ми (денес) :)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8967
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #181 на: 07 Октомври 2015, 14:21:04 pm »
на патот Илинден Скопје, баш кај влезот на Обиколница, кога е затворена педерите имаат ставено неколку нови монтажни знаци 100 па 80 па 60.

Тука знае да стои полииција често и маме си ебале, негледам никаква причина кога е затворена обиколница да ограничиш брзнина до 60 на автопат и да стоиш и чекаш

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #182 на: 07 Октомври 2015, 14:38:05 pm »
Тоа е ставено зашто не сите знаат дека е затворена обиколница па кога ќе им се отвори видикот а се отвара на 100 метри пред исклучувањето да има простор и приспособена брзина да се престројат посебно тешките возила. Има школо за тоа што некој учел и се вика сообраќаен инжињер.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8967
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #183 на: 07 Октомври 2015, 15:02:14 pm »
знакот за затворена обиколнице од кај Макпетрол а знакот 60 е пред самото исклучување.

Баш на тоа место ако си таков инженер никој не вози во најдесната лента односно возат во средна и лева така да нема никаков ризик од никакво престројување во последен момент


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #184 на: 07 Октомври 2015, 15:23:29 pm »
Добро, слободно можеш да се жалиш во институцијата задолжена за тоа.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #185 на: 07 Октомври 2015, 17:13:04 pm »
izmegju alomina i olimpiko
АЛОмина од Call центарот?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #186 на: 07 Октомври 2015, 18:30:10 pm »
50 на Партизанска и слични булевари а 40 на она прелазчено од Дојрана према Саем :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34098
  • Таков е животот... јебига
Одг:
« Одговори #187 на: 07 Октомври 2015, 19:09:49 pm »
Има школо за тоа што некој учел и се вика сообраќаен инжињер.

Нашиве инженери како осмолетка едвај да завршиле.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #188 на: 10 Октомври 2015, 02:25:17 am »
Кога идете кон Крива Паланка штом го поминете Страцин почнува удолница која плаче за 120+ км/ч. Внимавајте тука пошто ограничувањето е 60 а знакот може да ве збуни пошто некој со црн спреј го има преправено во 80. Жацовци стојат баш таму каде што се врти десно за Кратово. Тука стојат Кратовски милиционери. Паланечките жацовци се од наредното населено место а тоа е Ранковце.

Од тука до Крива Паланка мој совет е возете според соодветните знаци на патот, особено ако сте со "странска" таблица (различна од KP) затоа што можат да бидат во секое наредно населено место, и тоа: с. Гиновци ( кај бензинската "Кратер"), Псача (кај автобуската постројка на самото проширување на патот), с. Мождивњак (на проширувањето пред училиштето), па од тука до Паланка знаат да ловат на уште 2-3 локации.

Скоро секој ден, по некад и по цел ден, стојат на влезот од градот каде што се дели патот за влез во Паланка и обиколница а ако не се тука тогаш обавезно ги има на излезот од градот каде што завршува обиколницата (Мотел Македонија). Исто и накај митницата Деве Баир, возење по пропис, не знаеш од кај можат да ти искочат.

Во кратки црти од Страцин до Деве Баир или обратно возење по пропис освен ако не сакате да донирате за Буџетот на РМ.

Ајде еден мал апдејт со помош на Street View. Местава во постот погоре каде што стојат жацовци кога идете накај Паланка ги имате на слика со стрелка означени каде точно стојат. Воедно на сликата залепени се и координати доколку некој сака да си ги стави во навигација за да знае каде да биде претпазлив. Координатите не се од местата каде што стојат жацовци туку се едно 200-300 метри пред самото место за да ако некој ги користи со навигација ви сигнализира од каде да почнете да бидете претпазливи. Сликите и координатите се во правец Страцин - Крива Паланка, значи кога се оди према Паланка.

1. Страцин



2. с. Гиновци (бензинска пумпа Кратер)



3. с. Псача



4. с. Мождивњак (кај школото)



5. На влезот во Кр. Паланка кај што се дели патот за во градот и по обиколницата



6. На некои си 500-600 метри после влезот по обиколница



7. На излез од Крива Паланка (кај Мотел Македонија)




Едит: Додадено и Ранковце. Ограничување 50км/ч.


« Последно менување: 10 Октомври 2015, 02:39:24 am Дибидус »
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #189 на: 10 Октомври 2015, 02:28:58 am »
У саботата бев накај Софија и џандари имаше на 5/7 од посочениве места. Дополнително, имаше радар во Ранковце, за таман да те фатат после удолницата на знак 50. Треба да се утепаш од кочење...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #190 на: 10 Октомври 2015, 02:41:23 am »
Ете Ранковце ми избега некако, сум го испуштил. Го додав и Ранковце во постот.

BTW, малце офтопик, да не беше во Софија во врска со БГ пашопортот?
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #191 на: 10 Октомври 2015, 03:07:42 am »
Не, не бев за тоа. Деновиве ќе го активираме и тој процес...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10969
  • 430i
Одг:
« Одговори #192 на: 11 Октомври 2015, 08:36:23 am »
Утрово жив петел нема по улици.
Но, една контрола кај Скопјанка на автобуската према Центар и втора на автобуската карши стара Железничка пред Рамстор Мол

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8967
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #193 на: 11 Октомври 2015, 12:19:38 pm »
zavcera kaj city mall. Stojat na kraj na ulicata za izlez na ilindenska, AMA ne se veke so kola za da gi vidish koga izleguvash od parkingot i da ne vrtish polukruzno tuka kaj posledna 7ca i 15ka, nego stojat samo 2ca bez kola skrieni i frlaat okce koj ke svrti polukruzno i stopiraat.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #194 на: 11 Октомври 2015, 12:46:17 pm »
Епа излегувајте на другиот излез, на Љубљанска ако идете накај Илинденска... Јас од таму влегувам од таму излегувам :) Не е тешко нели, зошто да се ризикува казна.