Кумановска патарина-Миладиновска патарина... Речиси по целата должина средната лента е со шини. Пред некој ден првпат искусив шо значи аквапланинг - на патарина излегов во најлева лента и ги знаев шините, па возев во најлева (дождливо време, пред очи не се гледа). Позади мене гледам се приближува побрза кола, се престројувам во средна и прикочувам заради шините.... Лизгалиште. До Миладиновци возев само во лева, престројувајќи се заради побрзи возила. Еден белградски Рено Лагуна, почна да ме следи откако го претекнав и останав во иста лента...