Автор Тема: Места на кои треба да бидеме претпазливи.  (Прочитано 234481 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #525 на: 03 Октомври 2019, 09:07:12 am »
Ме занима во која брзина возат 30 овие во Грац и Минхен и дали сами си плаќаат  трошоци за предвремено рикната ламела и менувач.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #526 на: 03 Октомври 2019, 09:13:46 am »
И ние имаме зона 30кмч во Дебар Маало. Исто како Австрија и Минхен. Низ уличињата тука некаде и се вози.

Исто може и на други такви местенца на кои и онака се вози споро, па може и да се стави 30кмч зона. Рецимо низ Чаир, низ Маџир Маало, низ Тафталиџе, низ Трнодол и слично. Но, се разбира дека е невозможно 30кмч да се вози на големите улици во Минхен, Австрија или Скопје, како Партизанска, Илинденска, Гологанов, Јане Сандански и слично. Ниту во Австрија ниту во Минхен не е така, ниту ќе биде.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7369
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #527 на: 03 Октомври 2019, 09:21:32 am »
И ние имаме зона 30кмч во Дебар Маало. Исто како Австрија и Минхен. Низ уличињата тука некаде и се вози.

Па добро, таму и да сакаш не можеш повеќе да возиш. Еј го затупевте до максимум. ;D ;D ;D 

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5003
  • The Spartan General
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #528 на: 03 Октомври 2019, 09:22:19 am »
Моите искуства од возење во сите овие горенаведени градови (Минхен, Грац, Виена, Келн, Брисел) е следното: Возиш во зона 30 околу две-три минути максимум (во 2/3та брзина зависи од уличката и каде си паркиран) па се закачуваш на главен булевар кадешто е дозволено 50. Најчесто ти треба растојание од еден до два семафори и варијабилна брзина меѓу 45-55 за да укопчаш со кое темпо работи зелениот бран на семафорите и после не чекаш речиси на ниеден семафор кога возиш околу 50км/ч. На пример, влегување во Минхен трае 20-30 минути затоа што од обиколницата А99 па се до центарот имаш големи булевари со 3-4 ленти и ограничувањето првите 10ина километри е 60, па после се намалува на 50.

Понекогаш се чудиш како има толку многу сообраќај, а не си чекал никаде. Помалите гратчиња до 200к жители кои имаат помал буџет за организирање сообраќај со сензори и камери понекогаш имаат многу поголем хаос во сообраќајот отколку големите. Голем плус е исто и радскиот превоз со трамваи, метроа, автобуси и тројлејбуси за олеснување на хаосот.

И сеуште не разбирам кој е проблемот да возиш 30 во мали улички кадешто најчесто има деца кои си играат. На пример пред два дена тука ми помина дете со точак на црвено. Да беше дозволено 50 ќе ми беше под кола. Вака, закочив на два метри пред него.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #529 на: 03 Октомври 2019, 09:23:05 am »
И ние имаме зона 30кмч во Дебар Маало. Исто како Австрија и Минхен. Низ уличињата тука некаде и се вози.

Па добро, таму и да сакаш не можеш повеќе да возиш. Еј го затупевте до максимум. ;D ;D ;D
Па тоа е поентата на зоните. Ете прочитај како прават и другите. На големите улици не е лимитот 30кмч. Нема ни логика да биде.

Туку само и само на малите. Каде има многу логика да е 30кмч лимит.

Секако ФилипВ сака да го заобиколи овој момент зошто не му одговара на нелогичните измислици 110/30.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #530 на: 03 Октомври 2019, 09:29:49 am »
Понекогаш се чудиш како има толку многу сообраќај, а не си чекал никаде.

Сообраќајот е комплексен феномен и како такв е неинтуитивен. Повеќето луѓе не го разбираат правилно односот меѓу максимална моментална и просечна брзина и не им иде у глава како тоа со намалена максимална моментална брзина е можно всушност да стигнат побрзо на дестинацијата, или слично брзо но многу побезбедно.

Затоа се тука законите и казните: да возиш ко што е оптимално, па макар и не разбирал зашто е тоа така.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #531 на: 03 Октомври 2019, 09:33:18 am »
Пушти 2-3 линка од Википедиа...

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #532 на: 03 Октомври 2019, 09:33:50 am »
Пушти 2-3 линка од Википедиа...

За што конкретно?

Може на англиски, или да барам на српски?

Ме занима во која брзина возат 30 овие во Грац и Минхен и дали сами си плаќаат  трошоци за предвремено рикната ламела и менувач.

Секоја современа инџекшн кола нема никаков проблем да се тркала 30 на саат у трета. И каква врска има тоа со предвремено рикната (?!) ламела и менувач (?!?!!). Никаква.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #533 на: 03 Октомври 2019, 09:49:58 am »
Прво ќе спиеш на куплунг 90% од времето за да не ти угаси колата додека во втора или трета се тркалаш со 30 тргни- застани како во гужва.
Второ, ако не излезам година дена од градов со една кола, тоа значи дека година дена 4 та брзина таа кола нема да види.

Прекрасно, не?


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #534 на: 03 Октомври 2019, 10:01:02 am »
Прво ќе спиеш на куплунг 90% од времето за да не ти угаси колата додека во втора или трета се тркалаш со 30 тргни- застани како во гужва.
Второ, ако не излезам година дена од градов со една кола, тоа значи дека година дена 4 та брзина таа кола нема да види.

Прекрасно, не?
Ако не излезеш на поголема улица или булевар. Ако излезеш си возиш побрзо. Така си е во странство, така е и кај нас. Природен тек на сообраќај е тоа. Ако малку размислиш ќе видиш дека така и реално правиш. Низ убутани уличиња возиш околу 30кмч, а на поголеми улици и булевари околу 70кмч.

Никој не вика 30кмч да е во цел град, туку само во маала. Рецимо околу Песталоци.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #535 на: 03 Октомври 2019, 10:18:56 am »
Само Југо ;D

Правиш шлајфка во прва, ако успееш шлајфка и во втора, газиш во трета, смируваш машина во четврта на 60км/ч

Ем не си надминал дозволена брзина, ем душата ти е задоволна дека си возел спортски ;D

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4756
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #536 на: 03 Октомври 2019, 10:25:58 am »
Штип > Скопје новио, регионалнио п'т....има две спојки на почеток еден дел повисок еден понизок (ЗОШТО?!?!)...првиот ај ок ама вториот висок и остар како ивичњак...резултат = 4 криви бандажи на е39, 18ки. Еден беше толку крив што дишеше гумата.

Позаебана СКАЛА, не ивичњак има по патот накај козјак, после раскрсницата за ХЕЦ...препорачувам да се помине со 40км/ч максимум.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #537 на: 03 Октомври 2019, 10:28:51 am »
Штип > Скопје новио, регионалнио п'т....има две спојки на почеток еден дел повисок еден понизок (ЗОШТО?!?!)...првиот ај ок ама вториот висок и остар како ивичњак...резултат = 4 криви бандажи на е39, 18ки. Еден беше толку крив што дишеше гумата.

Позаебана СКАЛА, не ивичњак има по патот накај козјак, после раскрсницата за ХЕЦ...препорачувам да се помине со 40км/ч максимум.
Да не не е довршен тој дел и да недостасува еден слој асфалт?

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4756
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #538 на: 03 Октомври 2019, 10:32:10 am »
Мене ми изгледаше на стар асфалт кој е повисок од новиот и само пробале да го нивелираат со рампа/скала/ивичњак/спојка.


Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1753
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #539 на: 03 Октомври 2019, 10:35:15 am »
30 км/ч е мачење за моторот, ако веќе сакате такви ограничувања низ цел град, државата треба да форсира купување на веспи и да возиме како во Индија. Возење кола со таа брзина нема смисла.