И ние имаме зона 30кмч во Дебар Маало. Исто како Австрија и Минхен. Низ уличињата тука некаде и се вози.
Исто може и на други такви местенца на кои и онака се вози споро, па може и да се стави 30кмч зона. Рецимо низ Чаир, низ Маџир Маало, низ Тафталиџе, низ Трнодол и слично. Но, се разбира дека е невозможно 30кмч да се вози на големите улици во Минхен, Австрија или Скопје, како Партизанска, Илинденска, Гологанов, Јане Сандански и слично. Ниту во Австрија ниту во Минхен не е така, ниту ќе биде.