Кога идете кон Крива Паланка штом го поминете Страцин почнува удолница која плаче за 120+ км/ч. Внимавајте тука пошто ограничувањето е 60 а знакот може да ве збуни пошто некој со црн спреј го има преправено во 80. Жацовци стојат баш таму каде што се врти десно за Кратово. Тука стојат Кратовски милиционери. Паланечките жацовци се од наредното населено место а тоа е Ранковце.
Од тука до Крива Паланка мој совет е возете според соодветните знаци на патот, особено ако сте со "странска" таблица (различна од KP) затоа што можат да бидат во секое наредно населено место, и тоа: с. Гиновци ( кај бензинската "Кратер"), Псача (кај автобуската постројка на самото проширување на патот), с. Мождивњак (на проширувањето пред училиштето), па од тука до Паланка знаат да ловат на уште 2-3 локации.
Скоро секој ден, по некад и по цел ден, стојат на влезот од градот каде што се дели патот за влез во Паланка и обиколница а ако не се тука тогаш обавезно ги има на излезот од градот каде што завршува обиколницата (Мотел Македонија). Исто и накај митницата Деве Баир, возење по пропис, не знаеш од кај можат да ти искочат.
Во кратки црти од Страцин до Деве Баир или обратно возење по пропис освен ако не сакате да донирате за Буџетот на РМ.
Ајде еден мал апдејт со помош на Street View. Местава во постот погоре каде што стојат жацовци кога идете накај Паланка ги имате на слика со стрелка означени каде точно стојат. Воедно на сликата залепени се и координати доколку некој сака да си ги стави во навигација за да знае каде да биде претпазлив. Координатите не се од местата каде што стојат жацовци туку се едно 200-300 метри пред самото место за да ако некој ги користи со навигација ви сигнализира од каде да почнете да бидете претпазливи. Сликите и координатите се во правец Страцин - Крива Паланка, значи кога се оди према Паланка.
1. Страцин
2. с. Гиновци (бензинска пумпа Кратер)
3. с. Псача
4. с. Мождивњак (кај школото)
5. На влезот во Кр. Паланка кај што се дели патот за во градот и по обиколницата
6. На некои си 500-600 метри после влезот по обиколница
7. На излез од Крива Паланка (кај Мотел Македонија)
Едит: Додадено и Ранковце. Ограничување 50км/ч.