Ја прочитав целата дискусија наназад, и исконтактирав со Stratro

Јас доберманот го чував врзан со ремче на синџир бидејќи 'ршум правеше низ двор. Главата му беше помала од вратот и често се случуваше да го извади ремчето, си ја отвараше портата и одеше на гости кај неколку пријатели 
Друга многу битна работа е дека ВО ПЕС НЕМА ВЕРБА!!! Кој сака колку сака нека кажува и кој сака нека го дресира секогаш гледај го со резерва во однос на деца, непознати па и со домашните ( со оглед дека се познати по напад на газдата по неколку години). Сега знам сите ќе кажат ако е дресиран дека нема шанси такво нешто дрн дрн, но сепак станува муабет за поагресивна чуварска раса.
Е ова кога ќе го прочитам (црвената реченица), ми иде да доделам трофеј за најголема глупост тресната.
Не е точно тоа дека Доберманот го напаѓа газдата на старост, тоа е еден огромен мит.
Доберманите не се агресивна раса, туку се премногу заштитнички настроени кон сопственикот и фамилијата, всушност затоа е и креиран Доберманот, да биде the ultimate guardian dog

Нитуеден правилно одгледан и социјализиран Доберман нема да си го нападне газдата, туку баш спротивно, спремен е буквално се' да направи за газдата, тоа го знам и од лично искуство, затоа што и самата се имам уверено како реагирала мојата Доберманка во незгодни ситуации.
Ако Доберманот е правилно одгледан и социјализиран, како што е мојата Доберманка, тогаш ќе немаш апсолутно никакви проблеми.
Како што и веќе спомнаа членовите на претходните страни на темава.
Со многу членови се знам лично од форумов, и многумина ја знаат мојата Астра, и сите се имаат уверено дека е предобро воспитана и одгледана, и дека има стабилен карактер.
Ако сакаш ти, и било кој друг, да види одблиску како изгледа вистинска дефиниција на карактерот на Доберманот, нека ме исконтактира, ќе ми биде мило да го разбијам тој стереотип за Доберманите.
Еве ја госпожата моја


И еве едукација малце: