Се мисли конкретно на „изложбени линии“, за констраст постојат и работни линии. Првите се повеќе домашни миленици, „посмирени“ (помал нагон за плен/работа). Вторите се за работни намени, службени кучиња кои се користат по војска, полиција, за одбрана и за чување на имоти и лица, за спорт, итн... За успешна дресура, потребно е кучето да има високо изразен нагон за плен. Дресурата се одвива преку искористување на тој нагон, за да се „научи“ кучето да извршува задачи и да слуша наредби.
Тоа е за „карактерот“ на кучето (читај, колку може да издржи да легачи по дома без да го замара газдата со шетање и активност, или колку може да се натера да задржи концентрација во дресурата и волја за работа).
Покажаните документарци и емисии за генетските проблеми, се однесуваат на целите раси. Сеедно дали се изложбни или работни линии, сите примероци на расата се склони и подложни на здравствените проблеми кои таа раса ги има (од спомнатите причини).