И ја бев едно време ептен загреан за Доби, прекрасни кучиња се поготово кога се добро тренирани. Имам пријател што поседува и горе доле целосно се сложувам со членот negoznam. Само ќе дополнам дека како и секое краткодлако куче имаат генетски дерматолошки болести, им се појавуваат како лишаи големи и првут знаат некој да имаат. Тоа многу ги чеша и знаат да се направат парче од гризање и чешање. За првутот не е страшно, има шампони што не се толку скапи ама за лишаите неизбежно е дерматолошка сува храна од јагне, што и тек како е скапа, околу 3000 денара вреќа.(од поквалитетните) Сеа немора да значи дека ќе имаш ваков примерок, само ете да знаеш коа им е најголема мана, а со домашна храна незнам колку ќе ја заобиколиш. Горе доле тоа е, секако е една од расите што се најскапи за одржување затоа што растат 2 години за разлика од другите кучиња што добиваат финален раст за 1, и пошто е високо куче, калциум за нозете it's a must. И да не ти е проблем финансии, најбитното за Доби е дали си спремен да го шеташ секој ден, и да го играш да си ја истроши енергијата што ја има, ако не си не би ти препорачал воопшто.