Зависи каква дресура сакаш. Инаку појма немам за цена, ама знам дека Ланцерка има подоста и знаење на таа тема, и контакти. И прилично добро издресиран доберман (женка).
Да и пишеш ПМ нема да згрешиш, а ако испадне дека не е активна на темава/форумов - кажи ми, ќе пробам да ја контактирам на друг форум (иако слабо е активна и таму). Во краен случај можам да пребарам кој ми го има препорачувано, ама најдобро прашај ја директно нејзе.
За купирање, ако не мешам со некоја друга раса, мислам дека од скоро време во кинолошкиот сојуз не дозволуваат/признаваат. Мислам дека не се казнува, ама не можеш да се се пријавуваш на натпревари и изложби.