Има ли некои правила во врска со куќарката?
Оваа пролет го реновираме цел двор па можеби ако се размислува на време може да се изѕида куќарка од тврда градба, по сите прописи со сите изолации и сл.
Дома не планирам да го чувам, бидејќи ако го земам на пролет, до следната зима ќе порасне поприлично..
Иначе има доста простор за трчање и низ двор и позади куќа, а имам и маалско фудбалско игралиште во близина плус еднодневен кардио тренинг - џогирање еден круг низ населба со кучево под рака ми е секако добредојден.
Куќарката да не биде на северна страна, но не и директно изложена на сонце.
Да биде комотна за кучето но не и преголема. Изолација обавезно, како и некоја врста лесно подвижна вратичка која ќе штити од ветер.
Да биде доста одвоена од земја заради дождови. Внатрешно подот исполнет со слама, па врз него ќебе. Уште поубаво би било доколку може да се стави подно греење.
Исто така најубаво би било подот да ти биде составен од пр. палети кои што се достапни за вадење заради чистење. Некој фиока систем или слично.
Во главата тргнал накај него во големина
. Туку на што се должи што е толку голем пораснат? Најскапата храна и витамини (со оглед на финансиската состојба на газдата) или гени се во прашање?
Шо знам, Барт не беше нешто посебно голем, старава моја поголема од него е. Да не си го смешал со новото куче, слушнав дека земале англиски мастиф.
Инаку исхраната е потребна да се достигне максималниот потенцијал на кучето. Без асална комбинација на гени ништо не бива колку сакаш рани го.