Автор Тема: Домашни Миленици  (Прочитано 843680 пати)

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2741
  • Шалабајзер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3525 на: 22 Февруари 2015, 00:03:11 am »
епа знам дека не се агресивни, али дека се масивни и е страв, неможе да го преброди тоа и точка...

кими, никој не рече дека се гнасни, значи пишав горе во наводници агресивни, пола другари се со питови ротфајелри па никому ништо, али ете жената се плаши од нив и тоа е тоа, и за неа ќе останат агресивни, донесов на чување пит на една 2 дена жената не искочи од дома, едноставно така си го замислила она тоа и тоа е...


п.с: лансерка, тие кучиња(хаска, ретривер...) колку и да се лошо одгледани, нема никогаш, ама буквално никогаш да ја покажат агресијата кон човек, можам да се опкладам за ова во моја глава, кај другите би си го нападнале и газдата, особено догата, најдобро и Велештрум да се изјасни, има ретривер, кај ја насочува Тор агресијата(ако ја имал некогаш) ??

п.п.с: имам мал милион примери како "агресивните" кучиња си ги нападнале газдите од чиста мира, еден е ротфајлерот на братучедка ми и зет ми...
No turbo, no fun :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20834
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3526 на: 22 Февруари 2015, 02:33:06 am »
У принцип, не постои агресивно куче, постои агресивен (или на друг начин несоодветен) сопственик.

Некои кучиња имаат генетски предиспозиции да бидат агресивни, некои не. Од човекот зависи колку ќе се "разбудат" тие скриени способности.

Тор до сега не покажал знаци на агресија према било кое живо суштество.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2741
  • Шалабајзер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3527 на: 22 Февруари 2015, 05:25:31 am »
Епа, ајде другите нека го објаснат ова, по дадениот пример во п.п.с-от


Куче ротфајлер, мажјак, негде околу 7-8 години стар, од малечко чувано од зет ми, секогаш бил задоволуван, имал од "пиле млеко" поред него, секогаш најаден, напиен, избањат, прошетан, исчешлан, неколку пати парен со женка, секогаш ставан меѓу приоритети, одеднаш покажува некоја агресија према зет ми, која после многу кратко извесно време, го напаѓа зет ми и завршува во болница... Кој е тој феномен, што куче си напаѓа газда, од чиста мира, додека пак моето покојно куче, лабрадор, скокаше по мене после 2 години повторна средба, купен за мене, но го дадов поклон, куче што највеќе сум му згрешил не ми свртело грб, постапка за која се каам ден денес, како и за лесито што ми го отруја а не ја видов порано пената

Е од такви работи се плаши мајка ми, од тие поагресивно настроените кучиња, по неколку живи примери на агресија од такви кучиња
No turbo, no fun :)

Отсутен Lancerka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3528 на: 22 Февруари 2015, 06:06:05 am »
Да, пит бул, ротфајлер, кане корсо и сличните на нив се гнасни кучиња. Тоа не е за дома чување.

Ејјј Fic_CC читаш ли, ние чуваме гнаси кучиња ;D јас Доберман, ти Кане Корсо.

Леле јас се чудам како уште сум жива ... леле како досега не ме распарчила Доверманкава на парчиња, како не ме растргнала досега ... аууууу чудо, вистинско чудо, таква гнаса да не ме растргне аууууу  ;D

Ги повикувам Велештрумф, Дејвокер, Мартин Алфиста, Фиц, Класниот и останатите што лично ја виделе мојата Доберманка, да кажат каква маза е.
На изложбата ја испомазија сите клабери со кои што се видов.

Ејјј па зарем Велештрумф и Дејвокер би дозволиле нивните прекрасни Тор и Барт да си играат со мојата гнаса (како што ти ги нарекуваш овие раси)?

Мојата Доберманка многу пати си има играно со Тор на Велештрумф во парк, и ете го Тор е здрав и жив, преживеал од „агресивните раси“.

Боже боже ... човек што се не ќе прочита по форумиве.

Се' е до начинот на воспитување.

И од „агресивните раси“ може да направиш мачиња, буквално, а и од „мирните раси“ може да направиш ѕверови.   

Отсутен Lancerka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3529 на: 22 Февруари 2015, 06:16:50 am »
п.с: лансерка, тие кучиња(хаска, ретривер...) колку и да се лошо одгледани, нема никогаш, ама буквално никогаш да ја покажат агресијата кон човек, можам да се опкладам за ова во моја глава, кај другите би си го нападнале и газдата, особено догата, најдобро и Велештрум да се изјасни, има ретривер, кај ја насочува Тор агресијата(ако ја имал некогаш) ??

п.п.с: имам мал милион примери како "агресивните" кучиња си ги нападнале газдите од чиста мира, еден е ротфајлерот на братучедка ми и зет ми...
Еве јас јавно и пред сите членови на форумов, те повикувам да дојдеш со мене и лично да се увериш дека има агресивни примероци од тие таканаречени „мирољубиви раси“.

Еве јавно ќе се опкладиме, јас уште утре ќе ти покажам лично, многу примероци од „мирољубивите раси“, кои што покажуваат агресија кон луѓе и кучиња.

Ја прифаќаш опкладата?

Гледај како „мирољубивиот“ Лабрадор на 1:13 од клипот ќе му ја изгризе раката, и колку крв ќе му тече.
И тоа пази, ова е само 1 пример што го објавувам, сакаш да ти најдам уште случаеви?


Сеуште тврдиш дека таканаречените „мирољубиви раси“ никогаш не би покажале агресија кон луѓе? ;)
« Последно менување: 22 Февруари 2015, 06:30:41 am Lancerka »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55153
  • Махер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3530 на: 22 Февруари 2015, 09:59:24 am »
Да, пит бул, ротфајлер, кане корсо и сличните на нив се гнасни кучиња. Тоа не е за дома чување.

Се' е до начинот на воспитување.

И од „агресивните раси“ може да направиш мачиња, буквално, а и од „мирните раси“ може да направиш ѕверови.   

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34364
  • Таков е животот... јебига
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3531 на: 22 Февруари 2015, 11:07:11 am »
Леле јас се чудам како уште сум жива ... леле како досега не ме распарчила Доверманкава на парчиња, како не ме растргнала досега ... аууууу чудо, вистинско чудо, таква гнаса да не ме растргне аууууу  ;D

Чекај рано е.... :P пу пу пу

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16765
  • Keep it 100
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3532 на: 22 Февруари 2015, 13:54:30 pm »
Да, пит бул, ротфајлер, кане корсо и сличните на нив се гнасни кучиња. Тоа не е за дома чување.

Ејјј Fic_CC читаш ли, ние чуваме гнаси кучиња ;D јас Доберман, ти Кане Корсо.

Леле јас се чудам како уште сум жива ... леле како досега не ме распарчила Доверманкава на парчиња, како не ме растргнала досега ... аууууу чудо, вистинско чудо, таква гнаса да не ме растргне аууууу  ;D

Ги повикувам Велештрумф, Дејвокер, Мартин Алфиста, Фиц, Класниот и останатите што лично ја виделе мојата Доберманка, да кажат каква маза е.
На изложбата ја испомазија сите клабери со кои што се видов.

Да бе, гнасни кучиња чуваме. Тоа е неговиот начин да каже дека му прпа од кучиња со атлетска градба. Плус изгледа нашиве нешто не се во ред чим не не нападнале досега. Оскар веќе скоро 9 години не не пратил во болница. Мора да го носам на психијатар да видат да не е забеган.

Инаку прекрасна е доберманката, права елеганција во движење и одлично воспитана.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2741
  • Шалабајзер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3533 на: 22 Февруари 2015, 15:56:32 pm »
добро ај, за мајка ми ќе останат тие раси се агресивни кучиња и точка, неможеш да го смениш...



Јас не реков дека вашите нападнале, реков дека ние во фамилија имаме мал милион живи примери кои такви раси на кучиња, вие што ги нарековте гнасни, нападнале и покажале агресија, не дека ми прпа мене, и прпа на мајка ми баш од тие примери, ако не се правиш ќорав ќе прочиташ што пишав, не да гураш нос за глупости фиц, убаво пишува дека сум донел такво куче и дома да причувам, мене не ми е страв да покаже агресија и по мене, ако покаже еднаш ќе му простам, али втор пат деветката од череп не бега, пола другари ми се со питови, ротфајлери и кане корсиња, па сум и јас и другариве живи...


примерот со зет ми беше да ви кажам дека опасноста на таквите кучиња да покажат агресија е поголема, ондак ајде кажете зашто од кој чисти курац е сменето кучево и го напаѓа зет ми, ајде лансерка пошто се праиш се знаеш, ајде објасни го феноменов, го имаш цел погоре, прочитај убаво

јас не реков дека твоето напаѓа бре девојко читај малце, дека пости шанса да нападне, како твоето, така и некој други раси, таква му е генетиката на доберманот да напаѓа(друго е ти како го чуваш), се е до воспитувањето, ти сега си и ги смирила, но не знаеш кога ќе и проработат тие генетики и хормони, може утре може никогаш, таквите кучиња се секогаш пола пола, или ќе нападне или не, тоа сакам да ти го кажам, не трчајте со фиц ко прле пред магаре, никој не рече дека ви се гнасни, самите си кажавте, го испревртевте цел муабет
No turbo, no fun :)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3131
  • Слобода или смрт
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3534 на: 22 Февруари 2015, 16:03:27 pm »
Доберман е нестабилно куче па што сакаш кажи. Можеби не нападнало ама постојано си со него да го контролираш. И ајде искрено ми кажи дали си сигурна дека да го оставиш без контрола пак нема да нападне? Таквите нестабилни кучиња лесно се испровоцираат.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2741
  • Шалабајзер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3535 на: 22 Февруари 2015, 16:13:15 pm »
Доберман е нестабилно куче па што сакаш кажи. Можеби не нападнало ама постојано си со него да го контролираш. И ајде искрено ми кажи дали си сигурна дека да го оставиш без контрола пак нема да нападне? Таквите нестабилни кучиња лесно се испровоцираат.


тоа сакав да го кажам, зашто богаташите зимаат добермани и доги нон стоп за чување куќи, сигурно не за да ги галат лоповите кои ќе влезат, таква му е генетиката на таа а и на уште некоја раса, непредвидлива, ми се има случено да ми ржи кане корсо кое го зема другар а од прв ден е со мене, му имамм дури и јадење давано од рака....


тоа сакам да ви го објаснам, дека секогаш има можност да нападне, колку и да си си го дресирала, тоа секогаш си има во мозочето дека он е атлета и он може да нападне кога сака, доволно му е мало провоцирање, како и да не ти се случило некогаш да се сипе по некое куче нели, пошто твоето е најдобро, твоето е нај нај... пфффф
No turbo, no fun :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20281
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3536 на: 22 Февруари 2015, 16:17:43 pm »
Поради стереотипи ги зимаат.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3537 на: 22 Февруари 2015, 16:21:40 pm »
Целосно се согласувам со кими и со кикац. Значи тоа едноставно му е вродено и секогаш можи неочекувано да нападни (зборувам за доберман и ротвајлер). Еве и вучјак сум чувал и шарпланинец но не нападнале никогаш кај мене, не дека други вучјаци и шарпланинци не напаѓаат. И сеа јас не можам да тврдам дека вучјакот и шарпланинецот се мачиња. Чувањето и дресирањето на кучето можеби ќе допринеси да се смири и да не напаѓа како што не напаѓале вашите кучиња. НО никогаш не можи да бидите сигурни (од огромно искуство ви кажувам!) дека нема да нападни човек или дете.

Вие велите дека дресирањето е најбитно, но што ако некој не успее да го издресира кучето поради х причини? Така да не бидете толку сигурни во тие раси. Впрочем досега имам чувано 2 добермани и 2 ротвајлери и после една случка со ротвајлерот нема шанси да земам таков пес за дома. Можеби за на викендица да се бори со волци, но и за тоа би размислил.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2741
  • Шалабајзер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3538 на: 22 Февруари 2015, 16:27:37 pm »
ете бе пример, од малечко го чуваше зет ми ротфајлерот, па заври у болница на шиење
No turbo, no fun :)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16765
  • Keep it 100
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3539 на: 22 Февруари 2015, 18:06:16 pm »
Секое куче е обврска, колку поголемо толку посериозно треба да се сфати таа. Некои раси се генерално добри чувари, други за дивеч, трети птичари, четврти овчари итн. Сепак, без разлика која раса е, секое куче има различен карактер и различно прифаќа провокација. Некое ќе бега, друго ќе возврати. Јас сум чувал четири Кане Корса и сме имале две легла до сега. Сите четири различни карактери, некое поплашливо, друго похрабро или подружељубиво. Исто така многу голема улога игра и социјализацијата на истото. Неколку страни поназад видовме и како една пудлица се однесува агресивно. Да, таа нема толкава уста и неможе толку да ве повреди, чиста логика. Така да сите овие работи заедно прават кучето да биде такво какво што е кога ќе порасне.

Кикац, ако не ви одговара таа раса чувајте си друга. Не ми е мене намера да те убедувам да земеш раса што не ја сакате. Погоре Кими пиша дека биле гнасни, зошто пишуваш дека никој не го рекол тоа? Случката со зет ти можела да му се случи и со друга раса, тоа што во случајов бил Ротфајлер е чиста коинциденција.