Мене не ми игра улога кучето било расно, гледам да ми е симпатично.
Колку за информација вдомив мало куче инвалид, на кучето најверојатно мајката му ја скинала задната шепа т.е. од коленото надолу.
Сега е големко (средна големина) ме радува тоа што си трча и си функционира најнормално, минимален хендикеп има, со ногата мавта на празно...




Сакав бело кутре, машко, дечкото кој ги подаруваше го избањал, пешкирче и во пакет...
Кога дојдов го видов, тажно ме гледаше и ми кажа за ноџето дека некоја повреда има, му велам да видиме од другите бели кутриња, тие женски...
Ми падна жал и ми текна на видеото со кутрето како трча со две нозе и на жиле колку се среќни и му се радуваат на животот и на сопственикот кој се грижи за нив...
Ми е мило што му дадов шанса за живот, немаше друг да го земе ќе завршеше на улица.
Решив ќе го земам па што сака да биде, други ми велеа фрли го, се потсмеваат за него ама ич к*р не ми чуе другите што мислат.
Пред да го земам кутрето тазе ми беше гледано видеото
Mи текна и на ова старо видео одамна гледано
Тие пари што ќе ги давате да купите куче ќе му направите убава куќичка со изолација, храна и други џиџи миџи.
Алал да му е на тој кој ќе вдоми куче од вардариште, улица и сл. Голема добрина направил.