@onak: Така ти одговорив пошто настапуваш со апсолутистички став.
Ти не ги сакаш мачките. Пеки, твоја работа. Ама си дозволуваш да генерализираш за работа за која очигледно немаш доволно знаење ниту искуство.
@dejzy: Прилично лесно е да го под-навикнеш мачето на некои работи. Весник (шушкав, дневен, не тежок) сролан и по нос мало треснување (не да го боли) кога ќе сјебе нешто. Они реагираат и на ударот, и на буката (и уствари повеќе се плашат од буката). Неколку пати и ќе направи некоја причинско-последична врска у глава и ќе престане. Јас мојон знам да го треснам по опашка (малце) посилно кога ќе направи некоја сериозна глупост, али генерално веќе е научен и си ги знае границите.
Едно време отвараше врати (се научи да рипа на квака). За да го одучиме од тоа почнавме навечер да ги заклучуваме вратите кои ги отвараше (пошто ноќе сакаше да шета и да влегува во кревет, а буката кога ќе рипне на квака мачор од 6 кила вади од такт) и виде-невиде, сконта дека веќе не му успева и престана да скока. Никакво тепање (па ни со весник), ни ништо.
Конкретно, мојов мачор многу сака луѓе. Сака цело време да е до некого, дали да седи до нас, дали во скут. Сака внимание и дава внимание. Можеби нетипично за мачка, ама доказ дека и мачките знаат да бидат страшно врзани емотивно за сопствениците.
Е сега, дека кучиња полесно се тренираат, се тренираат. Дека се поинтелигентни - се. Од друга страна, мачките се понезависни. Тука веќе се сведува на вкусот, желбите и начинот на живот на сопствениците. Јас не би можел да живеам со атачмент-куче кое цело време бара внимание (Акита). Би можел да живеам со полежерно, смирено куче (Британски булдог).