(не за хендикепот, туку за мачките воопшто)
ова е доказот за моето тврдење.. мачката е безчуствително суштество (од аспект на емоции)... воопшто не се приврзува со сопственикот... ако 2-3 дена бидеш груб со нејзе (него), на пример не му даваш јадење, ке те напушти засекогаш... а куче ке ти седи до нога и ке ти цвили, ке умира ама нема да те напушти...
да, ке рече некој дека мачките се самостални... точно е, ама и безчуствителни.. нема верност и нема добрина во нив... подобро змија да си чувам во аквариум одошто мачка низ дома да ми шета...
Плитко размислување, плитко.
Како и секое животно, и мачката покажува љубов и верност. Всушност, мојот мачор е доказ дека нема врска тоа што го збориш.
па незнам баш дали е плитко моето размислување... читај што пишуваат илислушај што кажуваат други луѓе кои имале мачки... за нивниот однос.. за нивното понашање и верност... машка ке ти остане дома можеби подолго од 3 дена ако престанеш да ја храниш, ама само затоа што веке дебело си ја улежал... не сум слушнал до сега некој да каже дека кучето не му пружало љубов, нејкело да се гали, нејкело да слуша и бегало од дома кога ке престанеш да го храниш...
и да... сум имал мачки... и јас едно време живеев во куќа и немав деца... ама машка у живот веке дома кај мене нема да стапне... значи искуствено зборам... твојот “дебел“ е нешто што ти го гледаш со свои очи и не би се осудил да не му даваш јадење 3-4 дена... пробај направи вака па да видш твојот дебел ако не го гледаш више у животот... тоа не е љуба, тоа не е приврзаност... тоа е поглед на очи кои те гледаат од искористливост... мачка ти е како пијавица... те цица додека има корист од тебе... кога нема, те заборава и си бара нова жртва... се понаша како паразит, се додека си хранлив до тебе е, чим престанеш да бидеш си бара нов донор на хранливи материи...
а домашна обука и дресура на мачка (или мачор) е мисловен поим... твоето дерење, викање и заплашување не ја тангира воопшто... можеш 100 пати да ја казниш за една те иста беља што ја прави.. оној момент кога ке реши да ја направи ке ја направи пак, и пак и пак и секогаш кога ке посака, а ти казнувај колку сакаш... твојата желба и команди не важат кај нив...
да да.. тоа е права љубов... вистинска ебате....