Автор Тема: Домашни Миленици  (Прочитано 739764 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5283
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2355 на: 28 Март 2014, 02:42:34 am »

Змиите поретко фаќаат глувци, пошто јадат само пар пати месечно.
Од друга страна на децата им е позабавно со нив, отколку со мачки.


Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16710
  • Keep it 100
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2356 на: 28 Март 2014, 03:45:53 am »
Мачка е за луѓе што не се толку желни за внимание. Помалку замара и прави мрднати смешки.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2357 на: 28 Март 2014, 10:24:52 am »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Истово ова и за кучиња важи.

добар муабет ... исто и јас покрај Дебел (така го викам) мачор што го имам веќе 7 години, потхранувам и чат пат други некои, али и еден напуштен персијанец што дојде кај нас низ маало пред некоја година, најпрвин имаше 4 нозе но едната задна нешто се случило и му падна од одскочниот зглоб надоле. Нема да ви се верува, мачорот како да сакаше да умре што побрзо бидејќи нели сите се плашат и бегаат од „различности“, тој бегаше најпрвин од луѓе за на крај да сфати дека ние му мислиме добро. Пошо ние дома имаме цел живот искуство со миленици, се обидовме со многу љубов (а најчесто е тоа што им треба а не храна) да му дадеме на знаење дека не е сам ...

Најмногу ми е криво што се гледа по него дека бил домашен мачор (најсреќен е кога ќе го земеш во раце) ама по која несреќа се нашол на улица незнам. За негова среќа залутал во cat`s-friendly маало па ние и уште едни комшии се грижиме за него. Мал проблем е што иако му фали еден екстремитет горд е и често навлага во расправии со мојот мачор, али тука сме ние.

Затоа, заради ваквите сличаеви на сите сум велел немој да земаш миленик ако не си сигурен дали тој ќе биде со тебе до крајот на твојот/неговиот живот.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Одг: Re: Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2358 на: 28 Март 2014, 12:55:02 pm »
(не за хендикепот, туку за мачките воопшто)



ова е доказот за моето тврдење.. мачката е безчуствително суштество (од аспект на емоции)... воопшто не се приврзува со сопственикот... ако 2-3 дена бидеш груб со нејзе (него), на пример не му даваш јадење, ке те напушти засекогаш... а куче ке ти седи до нога и ке ти цвили, ке умира ама нема да те напушти...

да, ке рече некој дека мачките се самостални... точно е, ама и безчуствителни.. нема верност и нема добрина во нив... подобро змија да си чувам во аквариум одошто мачка низ дома да ми шета...

Плитко размислување, плитко.

Како и секое животно, и мачката покажува љубов и верност. Всушност, мојот мачор е доказ дека нема врска тоа што го збориш.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2359 на: 28 Март 2014, 12:59:31 pm »
Обично тие размислувања доаѓаат од луѓе кои немале маче.

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2360 на: 28 Март 2014, 13:09:47 pm »
Токму така, познавам неколку што бегаат од мојата мачка зошто мислат дека ќе ги касне, на глава ќе им скокне, ќе ги изгребе и што ли уште не, а она едноставно сака само да биде со некој и да ја погалиш.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2361 на: 28 Март 2014, 13:11:20 pm »

..end of discussion  ;D

ако сакаш миленици ќе ги сакаш сите ... се зависи што сакаш од миленикот, но пожелно е да се бира видот на миленикот согласно твојот карактер. Инаку и кај самите кучиња има различни карактери, како што има и кај мачките.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2362 на: 28 Март 2014, 13:31:38 pm »
колку ми фали не сте свесни :(

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2363 на: 28 Март 2014, 19:36:55 pm »
Му ги исекоа на мачорот  :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'(

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2364 на: 28 Март 2014, 19:53:09 pm »
Џабе сте ги сечеле, само што сеа нема да знае кој и што е, а пак ќе го чачкаат другите мачори ...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2365 на: 28 Март 2014, 19:55:47 pm »
Пораат сега.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2366 на: 28 Март 2014, 21:31:45 pm »
Јас имав две мачки, двете беа себични од почеток до крај. Особено втората на која и дадов екстра внимание ич не ја болеше за мене...
Тогаш научив што е мачка.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2367 на: 28 Март 2014, 21:48:26 pm »
Пак збориш за жена ти и ќерка ти?









;D

Мала шала Милентије, мала шала.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2368 на: 28 Март 2014, 22:51:17 pm »
Џабе сте ги сечеле, само што сеа нема да знае кој и што е, а пак ќе го чачкаат другите мачори ...

Во стан живеам нема гајле за други мачори. Мораше да се направи ова пошто мачката не ми ја оставаше на раат ( која е кастрирана ). И сега ако не прекине не знам што ќе правам.  :(

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16710
  • Keep it 100
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2369 на: 29 Март 2014, 21:29:23 pm »
Not a valid youtube URL