Прекршочна да за лаење, но кривична...?
Има други случаеви каде треба кривична.
Можеби грешам, можеби е прекршочна. Ма најверојатно е прекршочна.
Како и да е, во ред би било да се стави некој ред во работите.
Јас конкретно со имам мака со еден од соседите, повеќе кучиња се чуваат на улицата и горе-долу сите се ОК ама ова кучево за кое зборувам, тоа е невероватно нешто. Како фаќа поубаво време и почнуваме да оставаме отворени прозорци, така почнуваат наново проблемите -дерман се нема од кучево.
Некој териер е, пред 9-10 години го купи за децата ама никој не го шета никогаш. На кучево очигледно му треба вежба и истрчување и во комбинација со тоа што никогаш за ништо не е тренирано или воспитувано, се откорнува од лаење, и тоа онакво невротично лаење како демек да се дави со друго куче.
Не е во ред, некој да ги малтретира соседите со куче што се убива од лаење 24/7. И не зборувам за нормално лаење понекогаш, или кога навистина има потреба за лаење (некој се обидува да влезе во дворот), туку зборувам за пречесто невротично и прекумерно лаење, по минувачи, по мачки, по врапчиња... по пеперутки, итн.