Автор Тема: Домашни Миленици  (Прочитано 726481 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5257
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2205 на: 25 Февруари 2014, 10:10:22 am »
Јас убаво би размислил за земање на кученце во наведниов случај. Кученца од такви легла (несоцијализирана постојано врзана мајка) често имаат проблеми со однесувањето.
Ако веќе баш инсистираш, треба да знаеш дека или ќе го земеш кученцето порано одошто е оптимално (па ти ќе го учиш на работи кои мајката и врсниците не го научиле), или пак ако го земеш постаро ќе треба многу да работиш со него за да го социјализираш и да го одучиш од работите што кучето ги научило од несоцијализираната мајка.

Куче не се зема само за да го чуваш врзано во двор. Лошо е за кучето (го мачиш), лошо е за тебе (си создаваш обврска а немаш љубов и желба за да поминуваш време со тоа куче), и на крај лошо е за сите окулу тебе (такви кучиња често лаат прекумерно и сметаат на соседите, и се генерална опасност ако некогаш излезат на улица каде има и деца нели).

Помисли и на можноста дека наскоро би можеле конечно да почнат и да ги применуваат регулативите предвидени со закон, каде прекумерно лаење од куче заработува кривична пријава.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20611
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2206 на: 25 Февруари 2014, 10:31:10 am »

Куче од оваа раса се зема да е со тебе, а не во двор. Куче-чувар (вучјак, ротвајлер...) се зема за во двор.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16697
  • Keep it 100
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2207 на: 25 Февруари 2014, 10:35:14 am »
Еве го Fluffy Ninja, другарчето на Оскар. Се тепа со сите други мачки и ги лови, али е огромна маза и обожава да се гали.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20611
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2208 на: 25 Февруари 2014, 10:36:41 am »
Вторава слика - "What? You want some o' this?" :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16697
  • Keep it 100
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2209 на: 25 Февруари 2014, 10:44:20 am »
Иде да се гали, едвај успеав да го сликам. Како магнет е не можеш да го тргнеш од тебе. ;D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20106
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2210 на: 25 Февруари 2014, 11:00:18 am »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2211 на: 25 Февруари 2014, 11:28:28 am »
^^ Ииииииииии, заглавено на рипит барем 2-3 саата.

EDIT: Ова со кучињава е првото видео на Интернетов што е толку awesome као Kitty Cat Dance.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8093
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2212 на: 25 Февруари 2014, 11:35:24 am »
Помисли и на можноста дека наскоро би можеле конечно да почнат и да ги применуваат регулативите предвидени со закон, каде прекумерно лаење од куче заработува кривична пријава.
Јас ги сакам животните, а посебно кучињата.

Јас ја мразам америчко-педерската регулатива за животните.
Ако нешто е тортура на кучињата, кривична поради животно е апсурд према човек.

Прекршочна да за лаење, но кривична...?
Има други случаеви каде треба кривична.

Женката му е цело време врзана, за греота. Секогаш кога сум таму ја галам  :)

Секако, прво ќе обезбедам услови па после ќе го земам.
Рано е но од мерак си пишав, ептен се убави, посебно мажјакот  :)

FFS, како бе ретривер врзан бе алоооо... Куче со малтене патолошка потреба од блискост и социјализација, да го врзеш у двор...

Не е куче за секого.
Ај да ја врзе еден ден, може нема кој да ја пази, но секој ден сум таму... Секој ден е врзана, кога ќе ја пушти како здивена е, не нае кај да фати побрзо...
« Последно менување: 25 Февруари 2014, 11:48:29 am pirat_07 »

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2213 на: 25 Февруари 2014, 14:08:42 pm »
@Vele

Секое поголемо куче е за во двор! Кога мислам у двор не мислам врзување и заборавање.
Секое куче, еве и твоето ќе биде едно 10 пати посреќно ако го чуваш у двор него ли дома! Они се такви игриви кучиња сака да се истрча да си игра на големо, нормално.
Ја едно време чував Самојед. Беше прекрасно куче, се чуваше исклучиво надвор, несакаше да влезе дома ама ич. Нормално си имаше бокс каде спиеше, со изолација и сите можни тракатанци ;) Пошто беше самојед, обожаваше зима и снег и не се секираш дали му е ладно, пошто тогаш беше најсреќното животно што си го видел. Во лето се мачеше прилично..топло не трпеше многу :)
Сите поголеми раси на кучиња генерализирам се чуваат у двор, сакаат двор малку поголема слобода. Моето никогаш во 6те години што беше кај мене не беше врзано!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20611
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2214 на: 25 Февруари 2014, 14:13:14 pm »
Е така де, каде реков нешто поинакво?

Ти генерализираш за поголеми кучиња дека се за у двор, ја прецизирам дека Ретривери и Лабрадори не се. Убаво е да има двор каде би си играле, трчале и слично, ама овие раси на кучиња се болни за човечка блискост. Ако го врзеш надвор, ќе почне да пати, да се фрустрира, веројатно и ќе лае, и воопшто нема да биде среќно.

А па за врзување, особено на овие раси кучиња, не праам муабет уопште. Кутро куче.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5257
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2215 на: 25 Февруари 2014, 15:04:29 pm »
Прекршочна да за лаење, но кривична...?
Има други случаеви каде треба кривична.
Можеби грешам, можеби е прекршочна. Ма најверојатно е прекршочна.

Како и да е, во ред би било да се стави некој ред во работите.
Јас конкретно со имам мака со еден од соседите, повеќе кучиња се чуваат на улицата и горе-долу сите се ОК ама ова кучево за кое зборувам, тоа е невероватно нешто. Како фаќа поубаво време и почнуваме да оставаме отворени прозорци, така почнуваат наново проблемите -дерман се нема од кучево.
Некој териер е, пред 9-10 години го купи за децата ама никој не го шета никогаш. На кучево очигледно му треба вежба и истрчување и во комбинација со тоа што никогаш за ништо не е тренирано или воспитувано, се откорнува од лаење, и тоа онакво невротично лаење како демек да се дави со друго куче.

Не е во ред, некој да ги малтретира соседите со куче што се убива од лаење 24/7. И не зборувам за нормално лаење понекогаш, или кога навистина има потреба за лаење (некој се обидува да влезе во дворот), туку зборувам за пречесто невротично и прекумерно лаење, по минувачи, по мачки, по врапчиња... по пеперутки, итн.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2216 на: 25 Февруари 2014, 15:05:50 pm »
Ланат!

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2217 на: 25 Февруари 2014, 15:07:19 pm »
ама за сопствениците.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5257
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2218 на: 25 Февруари 2014, 15:08:42 pm »
Дури да претпоставиш дека сум толкав идиот, зарем во тој случај би чекал цела деценија за да го направам тоа?  ;)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20611
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2219 на: 25 Февруари 2014, 16:19:36 pm »
Некој да не знае каде можат да се најдат (по можност интернационални) правилници за оценување на кучиња на изложби?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.