Затоа што не сите кучиња се како тоа на Веле. Упорно го игнорирате тоа. Кучето на Веле го знам од малечко и го обожавам. Прекрасно е, многу сакам да си играм со него и да се зезам со него. Фино, васпитано и забавно куче.
Ама не сите кучиња се такви. Поточно, не сите животни се такви.
И не почнувајте со тоа дека „воспитувањето на кучето зависи од газдата“. За жал, има животни/кучиња што едноставно не можат да се истренираат/научат.
Не секогаш карактерот на кучето зависи од газдата, ама кучето доста прима од газдата.
И поентата ако е самиот газда воспитан, тогаш и неговото куче нема да пречи. И обранто.. Ако е некој тотално невоспитан, може да направи невоспитано куче.. Ама што е тука криво кучето? Газдата е (истиот оној што најверојатно не би имал проблем да пере коса у Езеро со Шампон).
Кога сме веќе кај кучиња.. Кај мене у маало имаме маалско куче. Мечо. Мечо се дружи строго со децата од маало, и се однесува ко да е дете (игра со нив кошарка, трча кога возат точак). Мечо ги испраќа во школо, и ги чека. Еднаш гледав како поминува улица со нив.. Оди прв, ги гледа децава, и им лае на колите...
Ние у маало мислиме дека Мечо е човек (навечер спие во некој од кулите). Мечо искача у Ли, седи врз клупите у маало, и цел ден е со деца. НИКОЈ од 4 КУЛИ не се побуни.. Мечо е кај нас веќе барем 7-8 години, ако не и повеќе
Еве примери и за улично воспитано куче