Автор Тема: Домашни Миленици  (Прочитано 810966 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1545 на: 19 Декември 2013, 16:54:27 pm »
Да, ама барем не ти врнат одозгора гомна, мочки, влакна, крлежи, б’и и разни други срања.

Така да, до кучето е.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1546 на: 19 Декември 2013, 16:55:19 pm »
Што не е до кучето? За мирисот зборуваме?

А каде се цимолење по храна, шуњање околу маса, „невин“ поглед, недај боже лаење и разговарање...

Ајде ви се молам. Малку реалност, не живеете во облаци.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1547 на: 19 Декември 2013, 17:00:12 pm »
Што не е до кучето? За мирисот зборуваме?

А каде се цимолење по храна, шуњање околу маса, „невин“ поглед, недај боже лаење и разговарање...

Ајде ви се молам. Малку реалност, не живеете во облаци.


Моето куче дури го  имав (Далматинец женка), никогаш не правеше проблем. Едноставно канче вода, ќе си легне и толку.

И воспитанието на кучето зависи од сопственикот.

Мене воглавно не ми правеа проблем за со куче. Ама имав проблем да после пешачење Водно-Матка, за назад решивме со 12 -ка приватна од Сарај. Е тука ми правеа проблем , дури еден од локалците што имал слаткарница некаде на море, и имал и он Далматинец, не го "убеди" сонародникот шофер, дека треба да не пушти :)

И да.. Се чудеа луѓе по пат ко да имав мечка а не далматинец.

Низ цела западна Европа е сосема нормално некој да влезе со куче  и во јавен транспорт

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14722
  • Пудингот на шоферството
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1548 на: 19 Декември 2013, 17:00:25 pm »
Ама во Франција.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1549 на: 19 Декември 2013, 17:02:59 pm »
Да се надеваме дека ќе ја следиме западна европа по убавите работи, а не по кучешки газови кои се следат насекаде.


Западна или не, од ваквите разговори и однесување луѓето замрзуваат кучиња. Баш од ваквите. Приказни за „твоето најмило куче/дете/теле“. Убаво имаше напоменато Louis C.K. за снимките од градинка кои се појавуваат на фејсбук.

Или поубаво објаснето:
Ова исто како пушачи вс непушачи.

Веќе ќе се заинтересирам за мамбата, да сум спремен.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1550 на: 19 Декември 2013, 17:03:59 pm »
Ама во Франција.

И во Италија, Германија, Австрија, Швајцарија....


http://saint-tropez.hotelsezz.com/en/

http://saint-tropez.hotelsezz.com/en/services

Дали ова е доволно луксузен хотел? Таму е дозволено за кучиња

А еве ги цените на сместување во сезона (од ден):

Мене ми личи дека имаат подобар коњак и дека е полуксузно од Пелистер


High Season
28/06/2013 au 31/08/2013
Bungalow 30m2   From 630 € to 700 €
Cocoon 40m2   From 810 € to 900 €
Cocoon 40m2 with private Plunge Pool   From 860 € to 950 €
Villa 90m2 with private pools   From 1800 € to 2200 €



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1551 на: 19 Декември 2013, 17:06:11 pm »
Браво. Прекрасно избегнување на темата, од типот „ако таму е океј и тука е океј“.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1552 на: 19 Декември 2013, 17:09:15 pm »
Браво. Прекрасно избегнување на темата, од типот „ако таму е океј и тука е океј“.

Не не :) Океј е и тука и таму :)

Нешто кога си е ок, си е ок :)

Ама не е ок, кога ќе паркираат кола у река и ја перат со шапон на пример.

Или кога пере коса у езеро со шампон.. Тоа не е ок, ни тука ни таму :)
Кога сме веќе по префинетост и смрдење..

Зашто ли во средина каде што можеш со куче у ресторан, не можеш со кола што смрди и загадува?

И обратно.. Зашто во вака префинета средина ко нашава смееш да ти смрди колата со 350000 поминати, да загадуваш воздух, ама кучето смета?


Дарко

п.с.Ако си по коњак пробај го Martell -ot што ти го препорачав..


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1553 на: 19 Декември 2013, 17:13:32 pm »
Неможе да е океј и тука и таму. Зошто е различно тука и таму.

Основната забелешка се сведува на едно и само едно:

-„Твоето куче не им е мило на сите.“

Тоа е потресително тешко да се сфати до страна на чувачите на животно.

Истата фраза со мала круцијална промена:

-„Твоето бебе не им е мило на сите.“

Кога овој општо установен факт ќе се сфати, тогаш и само тогаш ќе може да продолжи муабетот. (Louis C.K. Oh my god - Facebook posts)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14722
  • Пудингот на шоферството
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1554 на: 19 Декември 2013, 17:17:15 pm »
Така де така,на западот за многумина омилен се гнетат пример по улици(маж со маж) и е ок,оти тоа се дешавало на запад,па сега ние тука сме затуцани од пред 500г со мизерни сваќања,а другите се еманципирани.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17782
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1555 на: 19 Декември 2013, 17:26:24 pm »
Ќе морам да се сложам со Дени овој пат, имајќи ја мајка ми како апсолутна спротивност од мене во поглед на животинки од секој вид, особено оние најчестите - кучиња и мачки.
Јас сум толерантен кон секаков тип на кучиња, а и теоретски се спремам за моето прво куче, за некои 2 години.
Мајка ми, едноставно не може да се смири и релаксира во близина на животинче, без разлика што тоа е перфектно чисто, и перфектно дисциплинирано. Едноставно остава мал дел на оној "snap oversteer" (во автомобилски речник) момент кога животинчето ќе се вознемири од нешто и ќе почне да се однесува дефанзивно, а сите знаеме какви се животните тогаш.

To the point: не гледам зошто, јас со моето семејство, да не можам да уживам во едно пријатно саботно попладне во мојот омилен ресторан кога знам дека дел од друштвото на мојата маса цело време седи "како на игли".

Плус, има и фактори кои и самите ресторани мораат да ги земат во предвид, а тоа е губење на редовни муштерии заради горенаведената причина.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1556 на: 19 Декември 2013, 17:37:05 pm »
Ќе морам да се сложам со Дени овој пат, имајќи ја мајка ми како апсолутна спротивност од мене во поглед на животинки од секој вид, особено оние најчестите - кучиња и мачки.
Јас сум толерантен кон секаков тип на кучиња, а и теоретски се спремам за моето прво куче, за некои 2 години.
Мајка ми, едноставно не може да се смири и релаксира во близина на животинче, без разлика што тоа е перфектно чисто, и перфектно дисциплинирано. Едноставно остава мал дел на оној "snap oversteer" (во автомобилски речник) момент кога животинчето ќе се вознемири од нешто и ќе почне да се однесува дефанзивно, а сите знаеме какви се животните тогаш.

To the point: не гледам зошто, јас со моето семејство, да не можам да уживам во едно пријатно саботно попладне во мојот омилен ресторан кога знам дека дел од друштвото на мојата маса цело време седи "како на игли".

Плус, има и фактори кои и самите ресторани мораат да ги земат во предвид, а тоа е губење на редовни муштерии заради горенаведената причина.


Ако ви се падне на наградна игра, или  ако отидете на летување во погоре посочениот хотел/ресторан во Франција, Ст Тропе, дали и покрај што на повеќето маси ќе има кучиња нема да се опуштиш со друштвото? :)

Дали демонстративно ќе станеш и ќе си одиш и ќе пишеш како хигиената не им е на ниво? :) Или нема да ти пречи сите денови освен Сабота? (пошто потенцираше Сабота)

Како и да е , тука престанувам.. Доволно јасно посочив





Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17782
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1557 на: 19 Декември 2013, 17:49:25 pm »
Зборуваме (барем така го сфаќам ова), за нормален, реален свет во кој живееме и од кој претпоставувам го водиме овој муабет, во форма на Балкан.
Ако сум ретардиран со сериозни пречки во ментален развој и психичко здравје, би ја одбил понудата и во револт би заминал од наведениот хотел-ресторан.
Но, исто, ако сум реален, ќе согледам дека тоа е ретко-кон-невозможно да се случи, па ќе се задржам на нашата околина со реални, highly plausable примери, како отворена тераса на некоја кафана во која јас и моето семејство би можеле да јадеме во, еве нека не е сабота, нека е вторник, после работа.
Таман сме се собрале, сме нашле време да се видиме, и било кој од луѓето што седнале на маса со мене да се штрека на секој покрет на кучето мене нема да ми одговара. Замисли како во тие моменти се чувствува личноста што всушност се штрека, дали може целосно да се фокусира на соговорниците на масата, или не.

Јас, како индивидуа, би сакал некој ден со своето куче да седнам во кафиќ, или ресторан. Но пак, моментот дека моето куче не е омилено на сите, меѓу кои може да биде и моето друштво, е присутен.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1558 на: 19 Декември 2013, 17:56:44 pm »
А замисли, истите тие луѓе што го донеле кучето во ресторан, и што на секои 2 минути му викаат „Роки, мирен“ и „Роки, не“ - можеле кучето да го остаат дома. И они на раат на ручек, и мајка ти на раат на ручек.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1559 на: 19 Декември 2013, 17:58:35 pm »











Гужва ми е малце по дома  :D

Некои луѓе многу се приврзани со своето куче не е така лесно да го остават дома мислам...