Зборуваме (барем така го сфаќам ова), за нормален, реален свет во кој живееме и од кој претпоставувам го водиме овој муабет, во форма на Балкан.
Ако сум ретардиран со сериозни пречки во ментален развој и психичко здравје, би ја одбил понудата и во револт би заминал од наведениот хотел-ресторан.
Но, исто, ако сум реален, ќе согледам дека тоа е ретко-кон-невозможно да се случи, па ќе се задржам на нашата околина со реални, highly plausable примери, како отворена тераса на некоја кафана во која јас и моето семејство би можеле да јадеме во, еве нека не е сабота, нека е вторник, после работа.
Таман сме се собрале, сме нашле време да се видиме, и било кој од луѓето што седнале на маса со мене да се штрека на секој покрет на кучето мене нема да ми одговара. Замисли како во тие моменти се чувствува личноста што всушност се штрека, дали може целосно да се фокусира на соговорниците на масата, или не.
Јас, како индивидуа, би сакал некој ден со своето куче да седнам во кафиќ, или ресторан. Но пак, моментот дека моето куче не е омилено на сите, меѓу кои може да биде и моето друштво, е присутен.