Улогата на свеќиците е да ја запали смешата во цилиндерот, на време и сигурно. Тоа го обезбедуваат фабрички специфицираните свеќици, со своите температурни карактеристики, зазор и поставеност во цилиндерот. Снага може да изгубиш, а не да добиеш, ако некои од овие карактеристики на свеќиците ги занемариш.
Затоа моја препорака е здрави кабли и нови свеќици - по фабрички препораки. Обично во упатството пишува кои свеќици се препорачани за твоето возило, не би знаел јас да ти кажам. Ако не, види во овластен сервис што ставаат.