Погоре имав пишано за мојот проблем и барав сугестија за адитив и благодарам за одговорите на Simo и Dule.
Пред неколку дена се решив и го ставив LM Visko Stabil кој го платив 295 ден од Автомакедонија во КВода.
Нормално моторот беше загреан на работна температура кога го додадов и веднаш потоа ја провозав према Петровец да се измеша адитивот.Наредните денови на двапати заглавив во град и се изненадив што треперењето го снема а беше присутно точно последните 3 години!Пред 3 години менував дихтунг на глава,рамнење на глава инспекција итн и од Тој момент се појави треперењето кое никогаш предходно го немаше.
Последниов пат решив да го сменам и уљето и ставив LM 5 40 и на поминати 3700км имаше потрошено во просек 50 гр. на 1000 км!Предходно после сервисот ставав уље GM 10 40 во два наврата кое многу го трошеше до можеби 2л на 10000км а порано ни капка.
Па така мислам дека проблемот е настанат после чистењето/инспекција на главата на моторот со одстранувањето на наслагите создадени при работа на моторот при што се зголемени зазорите мегу металните делови во моторот па уљето при висока температура ја губи вискозноста и тоне а уљната пумпа се мачи да го одржи притисокот.Од друга страна бидејки моторот работи на плин со малку повисока темпертура можно е и гумиците на вентилите и др пластични делови да ги имат изгубено елестичните својства те се укрутуваат и повторно доага до тонење на уљето.
Да напоменам дека сум лаик/паталец а не сезнајко и ако некому постов му помогне во ред или насмее уште подобро

.Во мегувреме јас ке ја следам работата на Астрата со адитивот бидејки овој резултат многу бргу дојде(очекував после изминати 5-600км) а очекувам и ептен да се стишат хидроподизачите при прво палење.Секоја промена овдека ке ја пренесам.