Ако не е долго време пален, според мене добро е во дупката од свеќиците преку ноќ или уште подобро 24ч. да се стави АТФ(било каков, минерален обичен е најдобро, побарај од некој мајстор 150тина мл. ќе ти даде без пари) по 30тина, може и по 50мл. по клип.
Наредниот ден да се вергла 10тина. секунди без свеќици за да го исфрли вишокот, додуша нема ни потреба бидејќи сето масло ќе си слези долу. После добро е да се повози така или пак веднаш да се смени масло, а пред промена на моторно масло препорачувам Mannol 9900 Engine Flush.
Ова со АТФ го имам пробано на повеќе возила и го слушнав од стар мајстор, а доста има и на youtube за тоа.
И едно "издувување" не е лошо да се направи, да се повози 30тина минути над 3500, дури и 4000 вртежи.