Комонреил мотори во пракса дуваат, твојот е пумпа дизна, не би требало да дува.
Ние го имавме тој мотор во Аутлендерот и капка не фрлаше, ама затоа 2 турбини ги дувна.
Незнам што да ти речам…
Би требало да е добар ако не троши уље..
И во митсубиши ли е истиот мотор? Хмм не сум знаел.
Абе моторот си е добар. Знам јас. Земав добро ауто, сервисирано редовно. Турбината ми кажа дека ја сменил тој пред некоја година.
Колку ќе трае турбината незнам, ама со колава една година проблем немам. Колата Влече колата супер.
Разбирам и дека е нормално да дува за годините.
На ако на ауспух нема ништо, не гледам причина за итварање.
Затоа и не ми се отвара. Бидејќи е сигурно една од подобрите во мк сигурно.
Значи на кратко кажано. Јас проблем немам со колата, туку со жената.
Целиот проблем е жена ми и нејзината перцепција и дувањето од шипка.
Затоа ми треба адитив/ средство за да намалам нервози. Колата планирам да си ја задржам уште 2-3 години.
Затоа барам квалитен адитив марка, кое е најдобро на пазарот( се разбира да има и ефект)
Знам дека има евтини, кои прекупциве ги ставаат, но бидејќи ќе ја возам уште доста време не ми се ставаат такви.